Одделението врши испитување на квалитет и здравствена исправност на козметички производи согласно Законот за безбедност на козметички производи Сл.весник бр. 55/07, Регулативата 1223/2009, Листа на производи што се сметаат за козметички производи Сл.весник бр.156/2007; Листа на супстанции кои се користат при производство на козметички производи Сл.весник бр.89/2010; Листа на конзерванси чија употреба е дозволена во козметичките критериуми Сл.весник бр.89/2010; Правилник за содржината и начинот за означување на козметичките производи Сл.весник бр.98/2010;Правилник за критериумите за микробиолошка и хемиска чистота на козметичките производи и за методите за проверка на тие критериуми Сл.весник бр.94/2010 и Правилник за пуштање во промет на предмети од општа употреба Сл.весник 26/83.
Одделението потврдува соодветност на спецификација за квалитет и предвидена намена на производи за одржување на хигиена во домаќинството согласно следните законски прописи: Правилник за пуштање во промет на предмети од општа употреба Сл.весник 26/83; Правилник за податоците за содржината на детергентите кои треба да бидат наведени на пакувањето, како и општите и посебните правила на означувањето на пакувањето на детергентите Сл.весник бр. 84/2011; Правилник за листата на податоци за содржината на детергентите Сл.весник бр. 84/2011, Наредба за забрана на производство, промет и употреба на детергенти за машинско перење на текстилни производи со содржина на фосфор во органска или неорганска форма со над 0,5% тежински.
Одделението изведува анализи на барање на Државен санитарен и здравстен инспекторат и Државен пазарен инспекторат, како и пуштање во промет (издавање на сертификат за здравствена исправност) на производи од групата на козметички производи.
Контролата се врши на следните групи на производи:
Во Одделението се изведуваат следниве акредитирани методи: