Одделение за паразитологија

Одделение за паразитологија, во рамките на Оддел за микробиологија

Информации за дејноста што се извршува во Одделение за паразитологија

Одделението за паразитологија врши паразитолошка дијагностика на медицински значајни протозои и хелминти и нивни развојни форми. Како дел од рутинските и програмските активности го има следниот опсег на работа:

  1. докажување и идентификација на паразити во хумани примероци;
  2. докажување и идентификација на паразити во вода.

Одделението за паразитологија врши паразитолошки испитувања кои според законските прописи подлежат на здравствен надзор:

  1. на лица кои доаѓаат од замји каде постои епидемиолошки ризик за одредени заразни заболувања,
  2. на лица вработени во производство и промет на животни продукти и вода за пиење со цел превенција на паразитарни заболувања – санитарни прегледи.

Одделението за паразитологија ја следи здравствената исправност на водата за пиење, површинските и отпадни води, согласно законските прописи. Согласно потребите за акредитација (ИСО 17025) одделението воведува целосно автоматизиран систем за мембран филтрација специјално дизајниран и наменет за паразитолошко испитување на води. Анализи кои се работат во одделението за паразитологија:

  1. фецес за цисти и вегетативни форми на протозои и јајца на хелминти – нативен препарат;
  2. фецес за цисти и вегетативни форми на протозои и јајца на хелминти – концентрациона метода;
  3. целофански (перианален) брис за Enterobius vermicularis;
  4. докажување на Trichomonas vaginalis од генитален тракт, уретрални брисеви, урина, ејакулат (полимераза верижна реакција во реално време, нативен препарат, култивирање);
  5. биоптичен материјал и пунктати од органи за ткивни паразити ( нативно, диференцијално боење);
  6. детекција на паразити во телесни течности и секрети ( нативно, диференцијално боење);
  7. Крвна размаска за микрофиларии ( Knott’s метода) 42;
  8. детекција на антиген на Giardia lamblia (имунохроматографски);
  9. детекција на антиген на Crуptosporidium spp. (имунохроматографски);
  10. детекција на антиген на Plasmodium falciparum (имунохроматографски);
  11. детекција на антиген на Plasmodium vivax, Plasmodium ovale, Plasmodium malariae (имунохроматографски);
  12. детекција на антитела IgM/IgG за микрофиларии (имунохроматографски);
  13. детекција на антитела IgM за Leishmania donovani (индиректна имунофлуоресценција);
  14. детекција на антитела IgG за Leishmania donovani (индиректна имунофлуоресценција);
  15. детекција на антитела IgM/IgG за Leishmania donovani (имунохроматографски);
  16. детекција на антитела IgG за Echinoccocus granulosus (индиректна имунофлуоресценција);
  17. детекција на антитела IgA за Echinoccocus granulosus (индиректна имунофлуоресценција);
  18. детекција идиференцијација на Echinoccocus granulosus / Echinoccocus multilocularis (western blot);
  19. детекција на антитела Brucella spp. (квалитативен BAB тест, квантитативно - индиректна хемаглутинација);
  20. детекција на антитела Entamoeba histolytica (квантитативно - индиректна хемаглутинација);
  21. детекција на Chlamydia trachomatis од генитален тракт - уретрални брисеви, од урина, од конјунктива (полимераза верижна реакција во реално време);
  22. детекција на Plasmodium видови во крв (полимераза верижна реакција во реално време);
  23. макроскопска и микроскопска детерминација на хелминти;
  24. макроскопска и микроскопска детерминација на артроподи.

 

Контакт информации

Контакт лице: Снежана Цветковиќ

Електронска поштаs.cvetkovic@iph.mk