ИЈЗ е лоциран на ул. 50 Дивизија бр.6, во истиот објект каде што се наоѓа Министерството за здравство, на излезот од Клинички Центар.
ИЈЗ не врши вакцинација. За сите информации во однос на подготовката за патување во странство, како и вакцинација и профилакса, упатете се до ЦЈЗ (Центарот за јавно здравје) Скопје, http://www.cph.mk/mk/uslugi/v.
Независно дали тестирањата се вршат во лабораторија за вирусологија, микробиологија, бактериологија или паразитологија, резултатите се праќаат и прикачуваат на Мој Термин и можат да се видат во реално време, како и на матичниот лекар или клиника кои го бараат испитувањето. Доколку постои некој проблем со упатот или сл, тогаш може да се подигнат на Приемното одделение во ИЈЗ, по 12.30ч. Исто така, пациентот може секогаш да си го подигне резултот од приемното одделение, доколку сака да го поседува во хартиена форма.
Здравствено-хигиенските (санитарните) прегледи се вршат во Одделението за исхрана и здравствено-хигиенски прегледи, кое се наоѓа на приземје, просторија А8, секој ден од 8.30- 10.30ч, како и од 11-13ч.
За прегледот е потребно да се донесе документ за идентификација, материјал фецес (измет) и притоа се земаат брисеви од нос и грло, а воедно се прави и целофански брис за што ќе биде објаснето при прегледот. Плаќањето се врши во готово при извршување на прегледот или на фактура.
За пријавување за полагање на стручен испит потребни се: стажантска книшка, фотокопија од диплома заверена на нотар и пријава. За повеќе информации, обратете се на телефонскиот број 070/337 683 или на е-мејл frosina_dodevska@yahoo.com
ИЈЗ врши систематски, периодични и претходни прегледи во зависност од утврдениот ризик на работно место. Прегледите се вршат од 7.30-12ч, со претходно закажување и упат за здравствен преглед. Закажување и информации на телефонскиот број 071 211 563. Плаќањето се врши во готово при извршување на прегледот или на фактура.