Денес, репрезентативноста на јавно-здравствениот сегмент во државата преку активностите на Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија и 10-те регионални центри, сигнификантна е на осмислениот и реализиран квантум на експертски мислења, извидувања и контроли, аналитички иследувања и процена на ризик, во креирање на посебностите од терен како индивидуална слика, сé до нивно збирно анализирање како општа слика.
Изминатиот период претставуваше круна на сериозните активности во креирањето на современ систем на превентивна медицинска заштита, односно како основен инструмент на управување со дефинирање на приоритетните проблеми и превземање на адекватни решенија на национално, регионално и локално ниво.
Категоричен императив во имплементацијата на националната стратегија на превентивно-медицинската дејност е подобрување на здравјето на населението во Република Северна Македонија, преку санирање на компонентите на здравјето и анимирање на сите кои посредно или непосредно влијаат врз актуелната состојбата.
За остварување на ваквите заложби пред оваа генерација се исправени предизвиците на имплементирањето на светски референтни станарди и континуирано следење и обука на современите аналитичко-дијагностички процедури, што треба да е резултат на максималните заложби и труд, ентузијазам, креативност и професионалност на сите актери во нашата институција и сите професионалци од јавно здравствената дејност.
МИСИЈА
Да го унапреди здравјето и општата благосостојба на населението преку научно базирани сознаниа, добри практики, информации и организациони партнерства и влијание на одржливи јавно здравствени политики.
ВИЗИЈА
Здраво население, во здрава и безбедна животна средина, одржлив здравствен систем и сигурност од глобални и локални јавно-здравствени закани.
НАШИТЕ ВРЕДНОСТИ
Квалитет - Ние го надградуваме квалитетот преку обезбедување на соодветно ниво на извонредност во процесот на пружање услуги засновани на висок степен на знаење, компетентност на нашиот научен и стручен персонал и примена на меѓународно акредитирани методи и лаборатории.
Традиција - Ние се гордееме со нашата долгораочна традиција бидејќи таа е втемелена во процесот на реализација на нашите активности како морална обврска на вработените со цел да ја оправдаме довербата стекната од клиентите и партнерите.
Ефективност - во реализација на нашата дејност ние се водиме од оправданоста на инвестициите и потрошените средства преку користење на докази, научни факти и добра практика за постигнување оптимални резултати.
Партнерство - Нашата работа е базирана врз изградба на партнества и соработката со наштите долгорочни партнери во земјата и во странство врз основа на меѓусеба доверба.
Одговорност - Базирана врз принципот на правичност и човековото достоинство, ние се чуствуваме одговорни за целото население во Република Северна Македонија за нивното здравје и благосостојба.
НАЧЕЛА НА ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ
Јавното здравје е систем од знаења и вештини за спречување на болести, продолжување на животот и унапредување на здравјето преку организирани напори на општеството.
ЈЗУ Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија како национална здравствена институција е првата линија на реализацијата на таквата цел,која ја реализира преку обезбедување на соодветен ниво на извонредност во процесот на пружање своите услуги , засновани на највисокиот степен на знаење кое е достапно и применливо во Република Северна Македонија начелата на: