Одделение за имунизација и вакцино-превентабилни заболувања

Одделение за имунизација и вакцино-превентабилни заболувања, во рамките на Оддел за епидемиологија на заразни заболувања

Информации за дејноста што се извршува во Одделение за имунизација и вакцино-превентабилни заболувања

Одделението врши контрола на спроведената задолжителна имунизација на сите нивоа и укажува стручно-методолошка помош преку теренски увиди. При теренските увиди,  посебно внимание се обрнува на опфатот на лицата кои подлежат на имунизација, навременото спроведување, чувањето и транспортот на вакцините, одржувањето на студениот синџир, правилна апликација на вакцини. На терен, се врши и контрола на доставените податоци за подлежечки лица за вакцинација од надлежните служби.  Се следи појавата на поствакцинални несакани реакции, со цел следење на безбедноста на вакцините кои се користат во Република Северна Македонија.

Публикации:

  1. седмодневни извештаи (АФП),
  2. месечни билтени (АФП),
  3. тековни информации и извештаи,
  4. годишни извештаи (АФП, имунизација, несакани реакции) 

 

Mерки и активности во надлежност на Одделение за имунизација и вакцино-превентабилни заболувања

  1. Следење и контрола на спроведувањето на задолжителната имунизација во републиката (според Календарот за вакцинација), преку редовните извештаи и теренски контроли на опфатот, при што се пружа стручно методолошка помош (укажување на пропустите и предлагање мерки за нивно отстранување).
  2. Изготвување на периодични информации и годишен извештај за спроведувањето на задолжителна имунизација во Северна Македонија со остварениот опфат и предлог-мерки за подобрување на опфатот.
  3. Следење, истражување и известување за пријавени несакани реакции после вакцинација.
  4. Спроведување на медиумска кампања за придобивките од имунизацијата кај населението на национално ниво.
  5. По добивање на пријава за АФП случај се прави теренски увид, при што се изработува епидемиолошка анкета, се проверува вакциналниот статус на пријавеното лице и неговите блиски контакти.  Се обезбедува материјал за вирусолошко испитување од заболениот и неговите контакти, кој се испраќа во референтната лабораторија за полиовируси на СЗО во Софија, Бугарија.
  6. Организирање на регионални семинари за здравствените работници со цел презентирање на актуелна состојба во Р.С. Македонија и целите предвидени со ажурираната Програма.  
  7. Обработка на пријави и епидемиолошки анкети за мали сипаници и/или рубеола, внесување на податоците во дата база и нивна анализа.
  8. Координација и континуирано следење на сите активности на регионално и локално ниво, спроведување на теренски увиди и предлагање и преземање на мерки и активности.
  9. Континуирано информирање за трендовите на движењето на мали сипаниците кај нас и во светот, како и препораки и други пишани документи на СЗО, ECDC.
  10. Дизајн на методологија и спроведување на студија за серопреваленца на антитела за мали сипаници, рубеола и заразни заушки, со цел да се потврди пријавениот вакцинален опфат, да се утврдат пропусти во вакцинацијата,  да се откријат осетливите групи.
  11. При сомневање за појава на епидемија на вакцино-превентабилно заболување, се прави епидемиолошки увид на терен и се изготвува информација со препораки и предлог мерки, се изготвуваат неделни и /или месечни извештаи, според проценка. 
  12. Организирање на кампања на ниво на држава за подигање на свеста на родителите за безбедноста и бенефитите на вакцините.
  13. Организирање на едукативни работилници со здравствени работници за презентирање на новини и обновување на знаењата, работилници за развој на  комуникациски вештини со родители.

Контакт информации

Контакт лице: Раководител на одделение: д-р Кристина Ставридис

Контакт телефон:  +389 2 3125 044 лок. 04

Електронска пошта:  ijz.epidemiologija@gmail.com

Работно време: Секој работен ден: од 07:30 до 15:30


Контакт лице: Специјалист епидемиолог во одделението – Д-р Катерина Ќирковиќ Колевска

Електронска пошта: ijz.epidemiologija@gmail.com

Работно време: Секој работен ден: од 07:30 до 15:30