Одделение за јавни набавки

Одделение за јавни набавки, во рамките на Сектор за административни работи и логистика

Информации за дејноста што се извршува во Одделение за јавни набавки

Одделението за јавни набавки опфаќа работи и надлежности во врска со следењето и реализацијата на планот за јавни набавки, изготвување на одлуки за јавна набавка, објавување на одлуки за јавна набавка во електронскиот систем за јавни набавки, Службен весник на РСМ и во меѓународно службено гласило на ЕУ, согласно одредбите на Законот за јавните набавки, учествува во изготвувањето на тендерските документации за јавни набавки, врши набавки од мала вредност, изготвување на договорите за јавни набавки, ја советува комисијата при спроведување на постапката за доделување договор за јавна набавка, координација и стручна помош на комисиите за јавни набавки, како и правни консултации со Бирото за јавни набавки, Државната комисија за жалби по јавни набавки и други органи и институции, со цел примена на одредбите на Законот за јавните набавки, водење на жалбена постапка пред Државната комисија за жалби по јавни набавки.

 

Mерки и активности во надлежност на Одделение за јавни набавки

Одделението за јавните набавки

  1. во законски утврдениот рок, подготвува предлог годишен план за јавните набавки по видови на стоки, услуги и работи;
  2. извршува работи поврзани со следење и реализација на планот за јавни набавки;
  3. спроведување на анализа на пазарот за конкретната постапка за јавна набавка согласно законските одредби;
  4. ги подготвува предлог одлуките за потреба од јавна набавка;
  5. ги подготвува огласите за јавни набавки и ги објавува во согласност со ЗЈН и планот за јавни набавки
  6. во координација со надлежните сектори, учествува во подготовката на документацијата за јавни набавки;
  7. подготвува предлог одлука за избор на најповолен понудувач или одлука за поништување на постапката за јавна набавка;
  8. го подготвува известувањето за избор на најповолен понудувач и го доставува до сите учесници во јавниот повик;
  9. ги ажурира податоците кои согласно со овој закон се доставуваат во ЕСЈН;
  10. објавува негативна референца во ЕСЈН согласно со условите од овој закон;
  11. дава насоки и упатства на договорниот орган во врска со постапување во жалбената постапка во соработка со комисијата за јавна набавка;
  12. изготвува одговори по жалби поднесени од економските оператори;
  13. изготвува жалби по решение на Бирото за јавни набавки при спроведена управна контрола;
  14. изготвува задолженија за следење на договорите за јавни набавки;
  15. го води регистарот на постапките за јавни набавки и ги доставува податоците до Бирото за јавни набавки;
  16. врши евиденција на јавни набавки по видови и постапки и формира посебно досие за секоја јавна набавка и други работи поврзани со процедурите за јавните набавки.
  17. извршува работи поврзани со спроведување на постапката за јавна набавка,
  18. задолжително учествува како член во комисијата за јавна набавка кај постапките за доделување договор за јавна набавка со проценета вредност над 130.000 евра во денарска противвредност за стоки и услуги и над 5.000.000 евра за работи;
  19. дава стручна и техничка помош на Комисијата за јавна набавка за спроведување на јавно отворање на понуди,
  20. врши проверки на негативни референци на економски оператори,
  21. подготвува извештаи, записници и други акти во текот на евалуација на постапките и за потребите на комисиите за јавна набавка
  22. врши работи поврзани со Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) како регистрирање интерни корисници (членови на комисии за јавни набавки, единици за јавни набавки, контрола/ревизија и сл.)
  23. советување и подршка на комисијата за јавна набавка за целиот процес на евалуација на понудите во однос на примената на одредбите од Законот за јавните набавки,
  24. закажување и следење на електронска аукција,
  25. и други работи поврзани со процедурите за јавните набавки.
 

Одделението за јавните набавки во рамките на своите надлежности врши дејствија и како Економски оператор кое на пазарот нуди стоки, услуги или работи и учествува во постапките за доделување на договори за јавни набавки објавени на ЕСЈН. Како економски оператор, преку ЕСЈН ги презема следните дејствија:

  1. се регистрира во ЕСЈН,
  2. по личен избор добива информации за објавени огласи за доделување на договори за јавни набавки од категоријата за набавка која ја одбрале со регистрацијата согласно со Тарифникот за висината на надоместоците за користење на ЕСЈН („Службен весник на РМ“ бр. 44/2012) и систем за наплата;
  3. презема тендерска документација;
  4. поставува прашања;
  5. поднесува понуди за постапки кои се спроведуваат со користење на електронски средства;
  6. дава појаснувања и одговараат на прашања поставени во фазата на евалуација на понудите;
  7. учествува на електронски аукции;
  8. поднесува конечна цена;
  9. има пристап до информации или добива известувања во врска со донесени одлуки за избор или поништување на конкретни постапки за доделување договори за јавни набавки.

Контакт информации

Контакт лице: Александра Стефановска –самостоен референт за јавни набавки

Контакт телефон: 02/3125-044  лок.54 / факс 02/3223-354

Електронска поштаalekstrajkovska@yahoo.com


Контакт лице: Авни Муртезани- самостоен референт за јавни набавки

Контакт телефон: 02/3125-044  лок.50

Електронска поштаavnimurtezani@gmail.com