Одделението за медицина на труд и проценка на здравствени ризици може целосно и во потполност да ги реализира:
Одделението за медицина на труд и процена на здравствени ризици континуирано работи за спроведување на задолжителните превентивни здравствени прегледи, во зависност од ризикот на работното место, а во согласност со Уредбата за видот, начинот и обемот на здравствените прегледи на вработените (Сл. Весник на РМ бр.60/2013).
Здравствените прегледи на вработените кои се вршат од страна на овластените здравствени установи од областа на медицината на труд, при што се користат податоците од изјавата за безбедност на работодавачот, се вршат како:
Претходните прегледи се вршат заради утврдување на здравствената состојба и работната способност за извршување на работи на работни места на кои поради опасности и/или штетности по безбедноста и здравјето при работа, постои зголемен ризик од повреди и заболувања, согласно стандардниот минимум и процената на ризикот на работното место и карактеристиките на дефинираните професионални штетности и опасности.Претходните прегледи се вршат:
Периодичните прегледи се вршат заради следење и оценување на здравствената состојба и работната способност на вработените за вршење на работи на работните места на кои поради опасности и/или штетности по безбедноста и здравјето при работа, постои зголемен ризик од повреди и заболувања, согласно стандардниот минимум и процената на ризикот на работното место и карактеристиките на дефинираните професионални штетности и опасности.
Насочените прегледи се вршат заради следење и оценување на здравствената состојба и работната способност на вработените за вршење на работи на работните места на кои поради опасности и/или штетности по безбедноста и здравјето при работа постои зголемен ризик од повреди и заболувања, согласно стандардниот минимум и процената на ризикот на работното место и карактеристиките на дефинираните професионални штетности и опасности.
Насочените прегледи се вршат со насочени иследувања и испитувања, во зависност од причината за упатувањето, и тоа:
Систематски прегледи се вршат согласно стандардниот минимум, заради заштита и унапредување на здравјето и зачувување на работната способност, на секој вработен кој работи на работно место кое според проценката на ризикот на работното место, не претставува работно место со зголемен ризик.
Стандарден минимум како задолжителен дел на сите превентивни здравствени прегледи согласно со член 22 од Законот за безбедност и здравје на работа (Сл. Весник на РСМ бр.25/2013), се состои од:
Истовремено, Одделението редовно ќе работи и на извршување на задолжителните прегледи кај работниците професионално изложени на јонизирачко зрачење, а во согласност со Правилникот за здравствени услови за работа со извори на јонизирачко зрачење, како и за мерките, содржината и начинот на вршење на здравствени прегледи на лица кои работат кои работат со извори на јонизирачко зрачење (Сл. Весник на РМ бр. 28 од 26.02.2010 год.).
Целта на здравствените прегледи на лицата кои работат со извори на јонизирачко зрачење и на работно изложените лица е:
-Каде се вршат овие прегледи ?
* Во ЈЗУ Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија ;
-Начин на плаќање
* Во готово или фактура
Во Одделението редовно се прибираат и обработуваат тримесечните извештаи за видот, начинот и обемот на извршените услуги од страна на 40-те овластени установи за медицина на труд во Републиката . Врз основа на добиените извештаи се објавува Годишен извештај за извршена работа во овластените установи за медицина на труд за таа година .
Во Одделението исто така се прибираат и обработуваат податоците за повреди на работа и се објавува Годишниот извештај за повреди на работа за таа година.
Во одделението редовно ќе се работи на развој на методологии и водичи за добра практика за работниците, работодавачите и професионалците од областа на БЗР во услови на пандемија од КОВИД-19.
Вработените и понатаму ќе бидат вклучени во спроведување на епидемиолошки анкети и идентификација на контактите на лица кај кои е утврдено дека се позитивни на САРС-КоВ-2 вирусот.
Во одделението се спроведува вакцинација против сезонски грип на здравствените работници.