Методи за директна паразитолошка дијагностика
a) Докажување на паразити во клинички примероци
- фецес за цисти и вегетативни форми на протозои и јајца на хелминти (нативен препарат и концентациона метода)
- фецес за кокцидии (Cryptosporidium, Cyclospora, Isospora) диференцијално боење
- целофански брис за Enterobius vermicularis
- целофански брис и нативен препарат за Demodex
- генитални брисеви од жени, ејакулат, урина, уретрален брис од мажи за Trichomonas vaginalis (нативен препарат, култивирање)
- биоптичен материјал и пунктати од органи за ткивни паразити (нативно, диференцијално боење)
- детекција на паразити во телесни течности и секрети (нативно,диференцијално боење, мирацидијски тест)
- периферна крвна размаска и густа капка за крвно – ткивни протозои Plasmodium
- култивирање на протозои (Trihomonas, Entamoeba histolytica, слободно живеечки амеби – Acanthamoeba, Naegleria)
- макроскопска и микроскопска детерминација на хелминти и нивни делови и детерминација на артроподи.
b) Докажување на антиген на паразит
- Entamoeba histolytica во фецес (IHA; IC)
- Cryptosporidium spp. во фецес (IC)
- Giardia lamblia во фецес (IC)
- Plasmodium falciparum (IC)
- Chlamydia trachomatis (DIF; IC)
- Plasmodium (EIA;IC; pLDH и pHRP антиген)
c) Паразитолошка серологија (докажување на антитела во серум на болниот)
- Bruceloza (IHA; AG; ELISA IgG/IgM)
- Echinococcus (IHA; RVK; IC)
- Leishmania donovani (EIA; IIF IgG/IgM; IC)
Кратенки: ELISA – имуноензимски тест; IHA – индирекна хемаглутинација; DIF – директна имунофлуоресцентна микроскопија; IIF – индиректна имунофлуоресцентна микроскопија; AG – аглутинација; RVK – реакција на врзување на комплемент; EIA – имуноензимски тест; IC – имунохроматографски тест.
d) Лабораторијата за Паразитологија врши паразитолошки преглед на вода, со цел здравствена заштита на населението и животната средина.
е) Лабораторијата за Паразитологија врши паразитолошки испитувања на лица кои според законските прописи подлежат на здравствен надзор (лица кои доаѓаат од земји каде постои епидемиолошки ризик за одредени заразни заболувања како и санитарни прегледи на лица вработени во производство и промет на животни продукти и вода за пиење), со цел превенција на паразитарни заболувања.
f) Во рамките на програмските задачи, лабораторијата зема активно учество во борбата против бруцелозата, вршејќи серолошки испитувања за бруцелоза и конфирмација на сите позитивни наоди.
Началник на Лабораторија за Паразитологија
Снежана Цветковиќ
Специјалист по медицинска микробиологија и паразитологија