Одделение за испитување на квалитет на храна

Одделение за испитување на квалитет на храна, во рамките на Оддел за хемиски и радиолошки испитувања

Информации за дејноста што се извршува во Одделение за испитување на квалитет на храна

Во Одделението за испитување квалитет на храна се изведуваат хемиски и физичко-хемиски испитувања на храна како безалкохолни и алкохолни пијалаци, чоколади и кондиторски производи, брашно и мелнички производи, овошје и зеленчук и нивни производи, млеко и млечни производи, месо и месни преработки, масти и масла од растително и животинско потекло, суровини и адитиви во прехранбена индустрија, мед и пчелни производи, зачини, ароми и концентрати за освежителни пијалаци, храна за доенчиња, храна за животни, диететски суплементи, итн.

Тестирањето на параметрите на квалитет на прехранбените производи се прави по стандардни и пропишани методи според важечките национални и ЕУ законски прописи. Во одделението во моментот се акредитирани вкупно 33 методи со визија за проширување на овој опсег зависно од потребите и барањата на законските прописи и корисниците на услуги. Аналитичките испитувања се базираат на хроматографски (HPLC, GC), спектрофотометриски, ELISA, волуметриски, гравиметриски методи, итн.

Во примероците за испитување се анализираат следните параметри: содржина на вода, сува материја, пепел, протеини, масти, состав на масни киселини, шеќери, диететски влакна, содржина на органски киселини, алкохол, вкупен екстракт, релативна густина, сапунификационен број, јоден број, киселински степен, содржина на фосфати и содржина на колаген во месо и месни преработки, содржина на нитрати во зеленчук и преработки, присуство на алерген глутен во безглутенски производи, присуство на трагови од млеко во храна, итн. Освен тоа, во прехранбените производи се испитува и присуството на различни адитиви како: конзерванси (бензоати, сорбати), засладувачи (ацесулфам, аспартам, сахарин), вештачки прехранбени бои, судан бои. Во додатоците на храна се определува содржината на витамини (хидро и липосолубилни), присуството на некои активни компоненти како: коензим Q10, хесперидин, диосмин, изофлавони, кверцетин, гинсенозиди, хининска киселина, глукозамин, хондроитин итн. Во препарати за слабеење се анализира присуство на недозволени фармаколошки активни супстанции од типот на сибутрамин.

Дел од активностите на одделението се насочени и кон определување на нутритивната вредност на прехранбените производи врз основа на добиените аналитички податоци од испитаните хемиски параметри. Високо стручниот кадар во одделението може да понуди совети околу категоризација на производите, изработка на декларација на производ и усогласување на декларацијата со законските прописи поврзано со состојките, нивните количини, употребата на здравствени и нутритивни тврдења, итн.

Персоналот во Одделението за испитување квалитет на храна го сочинува кадар кој е стручно и технички оспособен за работа во согласност со меѓународно прифатени критериуми и континуирано соработува со домашни и меѓународни лаборатории што е во насока на унапредување на работата. Исто така, одделението има успешна соработка со  бројни институции во земјата и странство и е вклучено во реализација на бројни научно-истражувачки проекти, годишните мониторинг програми на Агенцијата за храна и ветеринарство и Министерството за здравство.

Одделението за испитување квалитет на храна е акредитирано согласно ISO 17025 стандардот од 2006 год., а списокот на акредитирани методи може да се најде на нашата веб страница како и на страницата на Институтот за акредитација на РСМ. Лабораторијата редовно учествува во шеми за оценка на оспособеност што е во насока на општо препознавање на резултатите од тестирањето.

 

Mерки и активности во надлежност на Одделение за испитување на квалитет на храна

  1. Определување киселински степен и киселост во животински и растителни масти и масла (ISO 661:2003)
  2. Определување сапунификационен број во животински и растителни масти и масла (ISO 3657:2023) 
  3. Определување неосапунливи материи во животински и растителни масти и масла (ISO 3596:2000)
  4. Определување титрациска киселост во производи од овошје и зеленчук (ISO 750:1998)
  5. Определување содржина на сол во путер (ISO 1738:2004)
  6. Определување содржина на масти во млеко (ISO 19662:2024)
  7. Определување киселост на млеко (Правилник за методи на физички и хемиски анализи на млеко и производи од млеко „Службен лист” на СФРЈ, бр.32/83)
  8. Определување на сува материја на млеко (Правилник за методи на физички и хемиски анализи на млеко и производи од млеко „Службен лист” на СФРЈ, бр.32/83)
  9. Определување на киселост на кисело млеко и јогурт (Правилник за методи на физички и хемиски анализи на млеко и производи од млеко „Службен лист” на СФРЈ, бр.32/83)
  10. Определување на сува материја во кисело млеко и јогурт (Правилник за методи на физички и хемиски анализи на млеко и производи од млеко „Службен лист” на СФРЈ, бр.32/83)
  11. Определување содржина на вода во жито и житни производи (ISO 712:2009)
  12. Определување на пепел во жито и житни производи (ISO 2171:2023)
  13. Определување на вкупен пепел во чај (ISO 1575:1987)
  14. Определување губиток на маса во чај (ISO 1573:1980)
  15. Определување вкупни киселини како оцетна во оцет (0201 РУ 7.2.35)
  16. Определување содржина на влага во скроб (ISO 1666:1996)
  17. Определување пепел во скроб (ISO 3593:1981)
  18. Определување на пепел нерастворилив во хлороводородна киселина во производи од овошје и зеленчук (ISO 763:2003)
  19. Определување јодираност на сол (UNICEF/ROSCA, 1989)
  20. Определување на конзерванси, натриум бензоат и калиум сорбат со HPLC во безалкохолни пијалаци (ASU#LMBG L00.00, 1984)
  21. Определување на вештачки засладувачи (сахарин, аспартам и ацесулфам-К) во безалкохолни пијалаци (SUESS_01.220, 1999)
  22. Определување на масти по М.Weibull и W.Stold  (0201 РУ 7.2.28)
  23. Определување на составот на масни киселини во храна со гасна хроматографија (GC-FID)   ( МКС EN ISO 12966-2 ; МКС EN ISO 12966-4 )
  24. Определување содржина на нитрати во зеленчук и производи од зеленчук HPLC метод  (MKС EN 12014:2-2018)  
  25. Определување на глутен (алерген) во прехранбени производи со ELISA метод  (0201 РУ 7.2.62)
  26. Определување на вода во прехранбени производи  (0201 РУ 7.2.65)
  27. Определување на вкупен пепел во прехранбени производи  (0201 РУ 7.2.66)
  28. Определување на вода во месо и производи од месо  (ISO 1442:2022)
  29. Определување на пепел во месо и производи од месо   (ISO 936:2022)
  30. Определување на pH ( ISO 1842:1991)        
  31. Определување готварска сол (натриум хлорид) по Mohr   (0201 РУ 7.2.67)
  32. Определување на кофеин   (§35 LMBG L 00.00-9 November, 1984)
  33. Определување на сибутрамин со HPLC метода ( 0201 РУ 7.2.69)

 

Контакт информации

Контакт лицеДипл. фарм. Билјана Чулева, спец. по санитарна хемија

Контакт телефон: +389 70 328 819  02 3125 044 лок.24

Електронска поштаbchuleva@gmail.com