Курсеви за основни знаења за безбедност на храната и заштита на животната средина наменети за операторите со храна, согласно Правилникот за начинот на проверка на знаењето и издавањето на потврди за стекнати основни знаења за хигиена на храната и заштита на животната средина (Службен весник на РСМ бр.118/2015). За таа цел припремен и отпечатен е Прирачник за основни знаења за безбедност на храната и заштита на животната средина, кој го добива секој слушател на курсот. Овој курс е наменет за сите лица кои во рамките на својата професија доаѓаат во контакт со храната.