Одделение за испитување на метали

Одделение за испитување на метали, во рамките на Оддел за хемиски и радиолошки испитувања

Информации за дејноста што се извршува во Одделение за испитување на метали

Согласно Националната програмата за превентивна здравствена заштита (санитарно-здравствен дел), во ова одделение се врши испитување на содржината на токсични метали во прехрамбените производи, испитување на минералниот состав на храната со посебни нутритивни својства, определување на дел од токсичните метали (As, Al, Hg, Ni) во водите како и во цвет од канабис. Сите овие задачи се остваруваат како рутина, законска обврска, на барање на корисник на услуги или по индикации, согласно правилникот за контаминенти - Службен весник на РСМ, бр.143 од 10.07.2024 год., за содржина на метали и Европска фармакопеја (Ph. Eur. 2.4.27) за производите од канабис

Одделението врши и редовен мониторинг на содржината на тешки метали во прехрамбените приоизводи достапни во пошироката трговска мрежа. Истовремено се испитуваат и тешки метали во сезонски зелeнчук и овошје достапни на постоечките зелени пазари двa пати годишно. Овие активности на мониторинг се во организација на ИЈЗ–Скопје, Министерството за здравство на РСМ и Агенцијата за храна и ветеринарство на РСМ.

Одделението за испитување метали е акредитирано од 2006 година, согласно ISO 17025 стандардот и успешно ја одржува акредитацијата на сите методи.

Аналитичка опрема:

  1. Microwave digestion system ETHOS UP
  2. ICP MS
  3. GFAAS
  4. FAAS
  5. Mercury Analyses system FIMS 100
 

Стручниот тим  вклучува специјалисти по санитарна хемија, магистер по  хемија, дипломиран инженер технолог, медицински лаборант специјализиран за хемиско- биохемиска лабораторија. 

 

Mерки и активности во надлежност на Одделение за испитување на метали

Согласно Националната програмата за превентивна здравствена заштита (санитарно-здравствен дел), во ова одделение се врши испитување на содржината на токсични метали во прехрамбените производи, испитување на минералниот состав на храната со посебни нутритивни својства, определување на дел од токсичните метали (As, Al, Hg, Ni) во водите, цвет од канабис, лекови и козметички препарати. Сите овие задачи се остваруваат како рутина, законска обврска, на барање на корисник на услуги или по индикации.Како дел од проектните активности одделението извршува и анализа на токсични метали во биолошки материјал.

Одделението врши и редовен мониторинг на содржината на тешки метали во прехрамбените приоизводи достапни во пошироката трговска мрежа. Истовремено се испитуваат и тешки метали во сезонски зелeнчук и овошје достапни на постоечките зелени пазари двa пати годишно. Овие активности на мониторинг се во организација на ИЈЗ–Скопје, Министерството за здравство на РСМ и Агенцијата за храна и ветеринарство на РСМ.

Одделението за испитување метали е акредитирано од 2006 година, согласно ISO 17025 стандардот и успешно ја одржува акредитацијата на сите методи.

Контакт информации

Раководител: Дипл. инж. технолог Билјана Маневска, спец. по санитарна хемија

Контакт телефон: +389 76 370 134  +389 2 3125 044 лок. 23

Електронска пошта: bimanevska@gmail.com

Работно време: Секој работен ден: од 08:00 до 14:00