Одделение за бактериологија

Одделение за бактериологија, во рамките на Оддел за микробиологија

Информации за дејноста што се извршува во Одделение за бактериологија

Во одделението за бактериологија се врши бактериолошка дијагностика на материјали по клиничка и епидемиолошка индикација. Се врши микробиолошка контрола на нежива средина: микробиолошка исправност на воздух, микробиолошка исправност на сува и влажна стерилизација со биолошки индикатори и микробиолошка исправност на нежива средина -предмети и површини.

Особено внимание се посветува на регистрирање и следење на резистенцијата на бактериските соеви кон антимикробните средства.

Во лабораторијата се работат и бактериолошки анализи за клицоносителство на лица кои подлежат на санитарни прегледи согласно Законот за здравствена заштита на Република Северна Македонија.

 

Mерки и активности во надлежност на Одделение за бактериологија

Бактериолошки услуги:

  1. Бактериолошки преглед на брис од нос
  2. Бактериолошки преглед на брис од грло
  3. Бактериолошки преглед на брис од усна шуплина (гингиви, афти, јазик)
  4. Бактериолошки преглед на спутум
  5. Бактериолошки преглед на бронхоалвеоларен лават – аеробно
  6. Бактериолошки преглед на кожни промени
  7. Бактериолошки преглед на брис од очи (конјунктива)
  8. Бактериолошки преглед на брис од надворешно уво
  9. Бактериолошки преглед на брис од средно уво – аеробно
  10. Бактериолошки преглед на брис од средно уво – анаеробно
  11. Бактериолошки преглед на брис од папок
  12. Бактериолошки преглед на брис од рана, изгореница, фистула –аеробно
  13. Бактериолошки преглед на брис од рана, изгореница, фистула -анаеробно
  14. Бактериолошки преглед на брис од браунила, канила, тубус, катетер, дрен –аеробно
  15. Бактериолошки преглед на брис од браунила, канила, тубус, катетер, дрен –анаеробно
  16. Бактериолошки преглед на пунктат, абцес, ексудат – ареобно
  17. Бактериолошки преглед на пунктат, абцес, ексудат – анаеробно
  18. Бактериолошки преглед на дијализат – аеробно
  19. Бактериолошки преглед на дијализат – анаеробно
  20. Хемокултура – аеробно
  21. Хемокултура – анареобно
  22. Бактериолошки преглед на урина
  23. Бактериолошки преглед на брис од уретра
  24. Бактериолошки преглед на брис од уретра на микоплазми (Mycoplasma hominis и Ureaplasma ureаlyticum)
  25. Бактериолошки преглед на брис од вулва
  26. Бактериолошки преглед на брис од вагина и цервикален канал
  27. Бактериолошки преглед на брис од вагина и цервикален канал на микоплазми (Mycoplasma hominis и Ureaplasma ureаlyticum)
  28. Бактериолошки преглед на сперма (спермокултура) – аеробно
  29. Бактериолошки преглед на сперма (спермокултура) – анаеробно
  30. Бактериолошки преглед на фецес (копрокултура)
  31. Бактериолошки преглед на ректален брис
  32. Серотипизација на бактерии од родот на Salmonella и Shigella
  33. TPHA – Treponema pallidum– спечифични антитрепонемски антитела
  34. RPR – Treponema pallidum – неспецифични антитрепонемски антитела
  35. Francisella tularensis – слајд тест на аглутинација
  36. Francisella tularensis – Полимераза верижна реакција во реално време за детекција на нуклеински киселини.
  37. Полимераза верижна реакција во реално време за детекција на Bordetella pertusis
  38. Полимераза верижна реакција во реално време за детекција на Legionella pneumophila
  39. Полимераза верижна реакција во реално време за детекција на Treponema pallidum
  40. Полимераза верижна реакција во реално време за детекција на Neisseria gonorrhoeae
  41. Испитување на осетливоста на изолираните микроорганизми на антибиотици и хемио-терапевтици (антибиограм)
  42. Мултиплекс ПВР за деткција на гени резистенција кон одредени антимикробни средстава

Контакт информации

Контакт лице

Контакт телефон: 

Електронска пошта