Одделение за статистичка обработка на здравствени податоци и ИТ менаџмент

Одделение за статистичка обработка на здравствени податоци и ИТ менаџмент, во рамките на Оддел за здравствена статистика и публицистика

Информации за дејноста што се извршува во Одделение за статистичка обработка на здравствени податоци и ИТ менаџмент

  1. изготвување на програмските задачи и програми за користење на база на податоци;
  2. анализирање на софтверските решенија со цел за подобрување на проектирањето и програмирањето;
  3. ажурирање и комплетирање на програмската документација за електронска обработка и оптимално искористување на податоците;
  4. дополнување и усовршување на здравствениот информациски систем (ИС);
  5. соработување со корисниците при поставување и изградба на ИС;
  6. креирање на изгледот на излезните информации и изготвување на систем анализи;
  7. изработување на упаство за припрема и опфаќање на податоците преку ИС;
  8. следење и анализирање на функционирањето на ИС;
  9. администрација и одржување на оперативните системи, базите на податоци и апликативни софтверски решенија кои се во употреба во ИЈЗ;
  10. администрација и одржување на апликативни софтверски решенија;
  11. одржување на компјутерската мрежа во ИЈЗ и сите други екстерни комуникациски врски;
  12. обезбедување сигурно и навремено архивирање на податоците;
  13. администрација и одржување на системите за безбедност на податоците од неовластен пристап и користење кои се од интерес на ИЈЗ;
  14. администрација и одржување на системот за заштита од вируси на информацискиот систем на ИЈЗ;
  15. грижење за правилно користење и функционирање на инфраструктурата потребна за функционирање на компјутерската опрема (напојување, ПП заштита, климатизација, контрола на движење во систем сала);
  16. изготвување публикации, информации, анализи, брошури и други материјали преку in-design во PDF формат за потребите на Центарот за статистичка обработка на здравствените податоци, публицистика и едукација како и за потребите на сите сектори во ИЈЗ на РСМ и Министерство за здравство на Р. Северна Македонија;
  17. техничко одржување на компјутерска и друга технологија (компјутери, печатачи,скенери, аудио и видео и друга техничка опрема) која се користи во ИЈЗ и одржување на компјутерската мрежа;
  18. вреднување на архивската граѓа и изготвување на регистарот на архивска граѓа;
  19. изготвување на планот на архивски знаци и листата на архивска граѓа од трајна вредност;
  20. чување и ракување на архивските примероци согласно законот за архивска граѓа и подзаконските акти;
  21. попишување на документарниот материјал и негова припрема за чување и поништување;
  22. спроведува мерки за заштита на архивските и документарните материјали од физичко и хемиско оштетување;
  23. ситематизирано средување на архивската граѓа заради нејзино предавање на архивот на Р. Северна Македонија.

 

Контакт информации

Контакт лице: Д-р. Ѓултен Зендели, специјалист по медицина на труд

Контакт телефон: +389 71 363 174 / 02 312 50 44 лок.15

Електронска пошта gyltene68@gmail.com

Работно време: Секој работен ден, од 07:30 до 15:30