Одделение за статистичка обработка на здравствени податоци и ИТ менаџмент
Одделение за статистичка обработка на здравствени податоци и ИТ менаџмент, во рамките на
Оддел за здравствена статистика и публицистика
Информации за дејноста што се извршува во
Одделение за статистичка обработка на здравствени податоци и ИТ менаџмент
изготвување на програмските задачи и програми за користење на база на податоци;
анализирање на софтверските решенија со цел за подобрување на проектирањето и програмирањето;
ажурирање и комплетирање на програмската документација за електронска обработка и оптимално искористување на податоците;
дополнување и усовршување на здравствениот информациски систем (ИС);
соработување со корисниците при поставување и изградба на ИС;
креирање на изгледот на излезните информации и изготвување на систем анализи;
изработување на упаство за припрема и опфаќање на податоците преку ИС;
следење и анализирање на функционирањето на ИС;
администрација и одржување на оперативните системи, базите на податоци и апликативни софтверски решенија кои се во употреба во ИЈЗ;
администрација и одржување на апликативни софтверски решенија;
одржување на компјутерската мрежа во ИЈЗ и сите други екстерни комуникациски врски;
обезбедување сигурно и навремено архивирање на податоците;
администрација и одржување на системите за безбедност на податоците од неовластен пристап и користење кои се од интерес на ИЈЗ;
администрација и одржување на системот за заштита од вируси на информацискиот систем на ИЈЗ;
грижење за правилно користење и функционирање на инфраструктурата потребна за функционирање на компјутерската опрема (напојување, ПП заштита, климатизација, контрола на движење во систем сала);
изготвување публикации, информации, анализи, брошури и други материјали преку in-design во PDF формат за потребите на Центарот за статистичка обработка на здравствените податоци, публицистика и едукација како и за потребите на сите сектори во ИЈЗ на РСМ и Министерство за здравство на Р. Северна Македонија;
техничко одржување на компјутерска и друга технологија (компјутери, печатачи,скенери, аудио и видео и друга техничка опрема) која се користи во ИЈЗ и одржување на компјутерската мрежа;
вреднување на архивската граѓа и изготвување на регистарот на архивска граѓа;
изготвување на планот на архивски знаци и листата на архивска граѓа од трајна вредност;
чување и ракување на архивските примероци согласно законот за архивска граѓа и подзаконските акти;
попишување на документарниот материјал и негова припрема за чување и поништување;
спроведува мерки за заштита на архивските и документарните материјали од физичко и хемиско оштетување;
ситематизирано средување на архивската граѓа заради нејзино предавање на архивот на Р. Северна Македонија.
Контакт информации
Контакт лице: Д-р. Ѓултен Зендели, специјалист по медицина на труд