Одделение за исхрана и здравствено-хигиенски прегледи

Одделение за исхрана и здравствено-хигиенски прегледи, во рамките на Оддел за здравствена екологија

Информации за дејноста што се извршува во Одделение за исхрана и здравствено-хигиенски прегледи

ИСХРАНА

Испитување на антропометриски карактеристики на нутритивен статус на население (определување на физиолошка исхранетост и на сите други форми на пореметувања во ухранетоста, од неухранетост до зголемена телесна тежина и дебелина);

Испитување на нутритивните карактеристики на исхраната на одделни популациони групи (определување на количина на макро и микронутриенси во исхраната и нивна карактеризација во однос на препорачаниот дневен внес);

Проценка на телесен состав (преку биоелектрична импеданца).

ЗДРАВСТВЕНО-ХИГИЕНСКИ ПРЕГЛЕДИ

Здравствено-хигиенските прегледи се вршат под услови, рокови и начин пропишан во гореспоменатиот правилник, а врз основа на критериумите кои се пропишани во Законот за заштита на населението од заразни болести.

Како се вршат овие прегледи?

Здравствено-хигиенските (санитарните) прегледи се спроведуваат по строго дефиниран протокол, со кој може да се запознаете тука

За кои лица и на колку време се задолжителни овие прегледи ?

  1. Вработени кои спроведуваат воспитно – образовна дејност;
  2. Лица во здравствена дејност;
  3. Лица кои доаѓаат во контакт со производството и промет на храна, при снабдување на населението со вода за пиење;
  4. Вработени во производство, подготовка и издавање на лекови и лицата кои на друг начин во текот на работата доаѓаат во непосреден контакт;
  5. Лица кои укажуваат хигиенска нега, работата во производство на козметички средства или вршат рекреација на населението.

За подетален преглед на лица опфатени со овие прегледи и роковите за нивно извршување можете да ги прочитате тука:

Што опфаќа здравствено-хигиенскиот преглед?

  1. Лекарски преглед;
  2. Земање материјал за бактериолошки и паразитолошки испитувања;
  3. Издавање на санитарна книшка.

Издавање на санитарни книшки

Санитарната книшка го подигнува лицето на кое што му е извршен прегледот или претставник на компанијата овластен да ги преземе санитарните книшки.

Каде се вршат овие прегледи?

  1. Во Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија;

Начин на плаќање

Во готово или фактура.

 

Mерки и активности во надлежност на Одделение за исхрана и здравствено-хигиенски прегледи

ИСХРАНА

Главна задача на одделението во делот исхраната е да ги следи и проучува здравствените ризици на населението во РСМ поврзани со исхраната, посебно на ранливите популациони групи и да предлага соодветни мерки за унапредување, согласно новите научни сознанија од областа на исхраната. Врши испитувања на исхраната и нутритивниот статус на популациони групи со диететски, антропометриски, лабораториски и функционални испитувања, а во соработка со тимовите од Центрите за јавно здравје во РСМ, го следи растот и развојот на децата и учениците на целата територија во државата.

ЗДРАВСТВЕНО-ХИГИЕНСКИ ПРЕГЛЕДИ

Здравствено-хигиенски прегледи се вршат со цел спречување на заразни заболувања на вработените во дејности пропишани со Правилникот за начинот на вршење, содржина на прегледите, видовите на прегледите и роковите на вршењето на задолжителните здравствено-хигиенски прегледи на вработените (Сл. Весник на РМ бр.152/2007 и бр.8/2008) како и здравствена безбедност на лицата кои ги користат услугите од овие дејности.

Контакт информации

Контакт лице: Проф. д-р Игор Спироски, специјалист по хигиена и здравствена екологија – Раководител на Одделение за исхрана и здравствено-хигиенски прегледи

Контакт телефон: +389 75 276 136 3125 044 лок.10

Електронска пошта:  sanitarni@iph.mk ; i.spiroski@iph.mk

Работно време: Секој работен ден: од 08:00 до 14:00