Одделението врши контрола на спроведената задолжителна имунизација на сите нивоа и укажува стручно-методолошка помош преку теренски увиди. При теренските увиди, посебно внимание се обрнува на опфатот на лицата кои подлежат на имунизација, навременото спроведување, чувањето и транспортот на вакцините, одржувањето на студениот синџир, правилна апликација на вакцини. На терен, се врши и контрола на доставените податоци за подлежечки лица за вакцинација од надлежните служби. Се следи појавата на поствакцинални несакани реакции, со цел следење на безбедноста на вакцините кои се користат во Република Северна Македонија.
Публикации: