- 14.11.2022
Прогласени научниците на годината на УКИМ
Проф. д-р Игор Спироски, раководител на Одделението за исхрана и здравствено-хигиенски прегледи при Институтот за јавно здравје е прогласен за Научник на годината за 2021 година од областа на медицинските науки и здравството на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Проф. Спироски ова признание го доби за остварени врвни резултати во научно-истражувачката работа остварени преку научни трудови и публикации, од кои најголем број се индексирани во најпрестижните бази за научни податоци (Web of Science и SCOPUS).
На проф. Спироски му честитаме за извонредниот успех и му посакуваме и идни успеси во неговата плодна научно-истражувачка работа.
Во исто време, горди сме што е дел од нашиот институт и што како организација придонесуваме во неговите напори за одржување на високо ниво на стручна и научна работа.
Институтот за јавно здравје е основан 1924 година и со наближувањето на 100-годишнината на нашето постоење, горди сме што секогаш сме се стремеле кон тоа својата поставеност во здравствениот, научниот и образовниот систем на државата да ја оправдаме со резултати споредливи со тие на референтните институции на европско и светско ниво. Успехот на проф. Спироски е еден од доказите дека успеваме во таа наша мисија.
Повеќе за годинешното доделување на наградите за Научник на годината на следниот линк: https://www.ukim.edu.mk/mk_vest.php?v_id=436