• 24.11.2023

Работилница на тема "Декарбонизација на здравствениот сектор"


Во рамки на проектот: "Градење капацитети за одржлив развој на човечкиот капитал во Северна Македонија", во склоп на програмата "Развој и зајакнување на капацитетите за климатски промени во здравствениот сектор", на ден 23.11.2023 година се одржа работилница на тема "Декарбонизација на здравствениот сектор". 
Претставници од Институтот за јавно здравје на оваа работилница беа проф. д-р Михаил Кочубовски, проф. д-р Гордана Ристовска и д-р Џансун Буковец.
Со цел зајакнување на капацитетите во здравството за климатските промени и зголемување на јавноздравствените придобивки, претставниците од ИЈЗ споделија знаења и искуства од зазеленување на здравствениот сектор, инфраструктурата на чинителите на здравствениот сектор, придонесоа со свои идеи и гледишта за креирање на услови за декарбонизација на здравствениот сектор.