• 06.03.2024

Обука за трговија со луѓе наменета за здравствени работници


Согласно Националната годишна програма за јавно здравје на Република Северна Македонија,  Службен весник на РСМ бр.18/2024 година, Институтот за јавно здравје -  Одделот за здравствена прмоција и следење на болести од вкупно 4 предвидени обуки, ја одржа првата на ден 28.2.2024 година на тема: “Обука за здравствените работници за препознавање и упатување на жртвите на трговија со луѓе/деца”. Обуката се одржа во просториите на Europe House во Струмица.

Настанот беше поддржан со претставник од  Министерството за здравство, Центар за јавно здравје Струмица, Невладина организација  Отворена порта -Ла Страда како и претставник од канцеларијата на  Совет на Европа од Скопје.

 Обуките се наменети за здравствени работници со цел  за препознавање на знаците на трговија со луѓе, а воедно беа претставени  здравствени  индикатори за трговија со луѓе за полесно препознавање на жртвата и упатување на жртвата со цел за помош и поддршка. Трговијата со луѓе е голем јавно здравствен проблем и на домашен и на меѓународен план. Здравствениот систем  има централна улога во делот на  помош и поддршка на жртвите или потенцијалните жртви на трговија со луѓе. Само со добра проценка и стекнати вештини здравствен работник може да придонесе при идентификација на жртва со трговија со луѓе.