• 25.09.2024

Состанок на Директорката на ИЈЗ со Директорите на Центрите за јавно здравје


Директорката на ИЈЗ, д-р сци. Марија Андоновска на 24.9.2024  одржа конструктивен работен состанок на кој присуствуваа претставници на  Директорите на Центрите за јавно здравје.

На работниот состанок, при дискусијата се донесоа заклучоци за заедничко дејствување, олеснување на размената на информации и искуства поврзани со меѓусебна соработка и унапредување на работата на Центрите и Институтот за јавно здравје.