• 26.09.2024

Остварена средба со заменик министерката за животна средина и просторно планирање


Директорката на ИЈЗ,  д-р сци. Марија Андоновска оствари средба со новата заменик министерка за животна средина и просторно планирање, Ане Лашковска, која беше во посета на Институтот.

Заменик министерката се запозна со моменталната состојба и работата на Институтот за јавно здравје, како и со идните предизвици поврзани со унапредување на здравјето и животната средина и понатамошната соработка меѓу овие две институции.