- 10.10.2024
Средба со проф. д-р Милка Здравковска, деканка на Факултетот за медицински науки при Универзитетот “Гоце Делчев“ - Штип
На средбата која се одржа меѓу директорката на Институтот за јавно здравје, асс д-р сци Марија Андоновска и Деканката на Факултетот за медицински науки при Универзитетот “Гоце Делчев“ - Штип, проф. д-р Милка Здравковска, се дискутираше за важноста на соработката меѓу двете институции.
Целта е да се подобри квалитетот на образованието и истражувањата во областа на јавното здравје, како и да се споделат најдобри практики во здравствената грижа. Деканката ја истакна важноста на иновациите во медицинската едукација, додека директорката ја нагласи потребата од интердисциплинарен пристап за решавање на актуелните здравствени предизвици. Двете страни се согласија дека заедничките иницијативи ќе доведат до подобри резултати за здравјето на населението.