• 15.10.2024

Остварена неформална средба со Комисијата за здравство при Собранието на Република Македонија


Директорката на ИЈЗ, д-р сци. Марија Андоновска оствари неформална средба со Комисијата за здравство при Собранието на Република Македонија и притоа извести за работата,состојбата и тековните активности на Институтот за јавно здравје.

На работниот состанок, при дискусијата се донесоа заклучоци, се разговараше за прашања што се однесуваат на здравството, како и размена на искуства и решенија со цел подобрување на статусот на институцијата и нејзина промоција.