• 17.10.2024

Состанок со директорот на Управа за електронско здравство


Директорката на Институтот за јавно здравје, д-р сци. Марија Андоновска одржа состанок со директорот на Управа за електронско здравство (Мој Термин), г. Фикрет Шабани. 

На состанокот се разговараше за зајаканување на меѓуинституционалната соработка, можностите за унапредување на здравствените услуги, како и за електронското закажување и евидентирање на медицинските интервенции во јавното здравство.