• 19.10.2024

Работен Состанок на ИЈЗ, ЦЈЗ и МЗ


Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), д-р Марија Андоновска, учествуваше на редовниот месечен состанок со Центрите за јавно здравје (ЦЈЗ). На состанокот, во присуство на Министерот за здравство Арбен Таравари и заменикот министер Јовица Андоновски, како и проф. д-р Игор Николов, се разгледаа тековните предизвици и можностите за унапредување на функционирањето на ИЈЗ и ЦЈЗ.

Главна тема на дискусијата беше подобрувањето на услугите и ефективноста на здравствениот систем. Со заеднички напори, продолжуваме да работиме на подобрување на здравствената заштита за сите наши граѓани.