- 16.12.2024
Интервју со Директорката на ИЈЗ, д-р Марија Андоновска
Пред скоро два месеци ИЈЗ отвори две анонимни телефонски линии, за откажување од пушење цигари и линија за совети за бремени жени, мајки, доилки. Линијата за откажување од пушење цигари „Не пуши, откажи се“ работи секој понеделник и среда, од 11 до 13 часот, а заинтересираните може да се јават на бројот 078 285 873. Секој вторник и четврток од 11 до 13 часот работи Центарот за советување „Инфо бебе“ (078 285 613), каде што стручни лица даваат совети за исхрана, хигиена, доење, вакцинација, нега на бебиња.
Д-р Марија Андоновска, објаснува кој бил мотивот на ИЈЗ да ги отвори линиите, особено кога податоците говорат дека вкупно 45 отсто од населението во Македонија се пушачи. Најактивни се оние меѓу 34 и 55 години (55 отсто). Од пушење досега се откажале 15,6 отсто, а 39 отсто од населението никогаш не запалиле цигара.
Мајките, особено оние кои првпат стануваат родители, сакаат од стручно лице да добијат совет.
Директорката д-р Марија Андоновска во интервју за “Република“ вели дека одѕивот е одличен, граѓаните се јавуваат и веќе се размислува за проширување и во денови и во број на стручни лица кои ќе работат.
Во поглед на идните планови на Институтот, се планира воведување втора смена на лабораториите на ИЈЗ, кои досега не работеле, како и за нова линија за психолошка поддршка за адолесценти.
(прочитајте повеќе на : Република)