- 18.12.2024
Како да се откажете од пушење цигари?
Гостување на Директорката на ИЈЗ д-р Марија Андоновска, во утринска емисија “Ја сакам Македонија“, на Сител ТВ.
Како влијае пушењето цигари врз здравјето и кои се најчестите заболувања?
Веќе е потврдено дека во составот на цигарите има супстанции со негативни влијанија врз здравјето на човекот. Цигарите се голем ризик фактор за голем број незаразни заболувања. Пред се’, тоа се респираторни заболувања, кардиоваскуларни, проблеми со ендокринолошки систем, метаболизам, проблеми со плодност, компликации во бременост, заби, кожа, како и можна појава на канцер.
Бенефитите придобивките од откажување од пушење се огромни: подобрување на циркулација, намалување на пулс, замор, подобрување на функцијата на респираторните органи, намалување на стапката на инфаркт.
ИЈЗ отвори неодамна телефонска линија за помош при откажување од пушење.
Во пракса тоа значи дека луѓето кои сакаат и имаат волја да прекинат да консумираат цигари, ќе можат да разговараат со професионалци, кои работат според светски стандарди. Линијата засега успешно функционира, бројот на повици е голем и за кратко време имаме помогнато на луѓе кои решиле да се откажат, а тоа е една голема мотивација да продолжиме понатаму! Оваа активност ќе се развива, се планира да се вклучат и повеќе луѓе кои ќе се обучат, да се воведат повеќе термини.
Погледнете го целиот прилог од емисијата на следното видео: