- 23.12.2024
Повеќе пари за цигари, а помалку за основни потреби - проблем кај семејствата со ниски примања
Граѓаните кратат на храна, облека, здравје, домување и многу други основни потреби, за да можат да купат цигари. Речиси половина од населението се активни пушачи, а тутунот има штетни здравствени последици и е значителен финансиски товар кој го влошува животниот стандард на многу семејства, а особено на оние со ниски примања. Ова е оценката на невладината организација Аналитика, по спроведеното истражување за тоа колку пари од семејниот буџет се трошат за цигари.
Извор: (Телма ТВ)