• 23.01.2025

Состанок за имплементација на заедничката иницијатива „Училишта што промовираат здравје“


Д-р Марија Андоновска, директорка на Институтот за јавно здравје, оствари средба со д-р Аким Али, шеф на Канцеларијата на СЗО во С. Македонија, проф. д-р Весна Јаневска, Министерка за образование и наука, како и Александра Ристовска Ефтимова, претставничка на Министерството за здравство, одговорна за иницијативата „Училишта што промовираат здравје“.

На состанокот се разговараше за имплементација на заедничката инцијатива „Училишта што промовираат здравје“ на Министерството за здравство, Министерството за образование и наука и Институтот за јавно здравје, спроведувана со поддршка на СЗО, при што - фокусот беше ставен на изборниот предмет „Учам за моето здравје“.

Засега, изборниот предмет е застапен во четврто и петто одделение, а сите се согласија дека е добра идеја тој да се воведе и во погорните одделенија.

Целта е - младите да научат дека секој поединец е одговорен за личното и јавното здравје, да се воспитува одговорна младина и да се унапреди нивната здравствена едукација.