- 12.02.2025
Промотивни материјали од Институтот за јавно здравје адаптирани на Брајова азбука во Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид “Димитар Влахов“ - Скопје
За прв пат, промотивни материјали од Институтот за јавно здравје за заштита од грип, здрава исхрана и физичка активност, беа адаптирани на Брајова азбука во Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид “Димитар Влахов“ - Скопје.
Креирајќи општество без бариери - се исполнува мисијата сите институции да станат подостапни за лицата со оштетен вид, а со Институтот за јавно здравје е договорена идна соработка за поголема инклузивност.