• 24.04.2025

ПРЕДАВАЊЕ ЗА ШТЕТНИТЕ ЕФЕКТИ ОД УПОТРЕБАТА НА ТУТУН И ТУТУНСКИ ПРОИЗВОДИ ПО ЗДРАВЈЕТО НА ДЕЦАТА ОД УЧИЛИШНА ВОЗРАСТ


На 23 април 2025 година се одржа предавање на тема:Штетни ефекти од употребата на тутун и тутунски производи по здравјето на децата од училишна возраст како резултат на взаемната соработка на Институтот за јавно здравје на РСМ, Центарот за јавно здравје од Скопје и Средното медицинско училиште - СМУГС Д-р Панче Караѓозовод Скопје.

Предавањето имаше за цел да ги запознае учениците – идни здравствени работници, со негативните последици по здравјето од употребата на тутунот и тутунските производи, со оглед на трендовите во зголемување на бројот на ученици и млади кои ги користат цигарите, и особено електронските цигари, тутун што не е за пушење и несогорлив тутун.

Воведен збор имаше дипл.соц.раб. Флора Хамид од ЦЈЗ Скопје, а предавачи беа проф. д-р Елена Ќосевска и д-р сци Сања Прошева. На предавањето учествуваа околу 50 ученици, педагози и професори од училиштето.

Во рамки на презентациите беше промовиран Центарот за откажување од пушење  и телефонската линија во Институтот за јавно здравје на РСМ со можностите за групни и индивидуални советувања и препораки за нефармаколошка и заместителна терапија.

Настанот заврши со насоки до персоналот и учениците, дека здобиените знаења и добиените презентации од предавачите би требало да ги споделат на класните часови со останатите ученици во училиштето.