• 03.07.2025

Теренски активности на ИЈЗ за унапредување на јавното здравје и директна грижа за граѓаните


Институтот за јавно здравје беше присутен во населбата Ченто, на иницијатива на градоначалникот на општина Гази Баба, каде што стручниот тим спроведе бесплатни лекарски прегледи и едукација за граѓаните во врска со заштитата од топлотниот бран.

Во текот на целата акција, особено внимание беше посветено на најранливите категории: постари лица, хронично болни и деца. Со теренски ангажман и директен пристап, уште еднаш ИЈЗ покажа дека грижата за јавното здравје не познава граници.

Институтот за јавно здравје останува присутен и подготвен – секогаш таму каде што е најпотребно!