- 06.08.2026
ПРЕПОРАКИ ЗА РАКОВОДИТЕЛИ НА УСТАНОВИТЕ ЗА ЗГРИЖУВАЊЕ СТАРИ ЛИЦА И НА ЦЕНТРИТЕ ЗА ДОЛГОТРАЈНА ИНСТИТУЦИОНАЛНА ГРИЖА
Во услови на актуелниот топлотен бран, старите лица сместени во установите за вон-семејна грижа се меѓу најранливите категории на населението. Институтот за јавно здравје потсетува дека навремената примена на превентивните мерки во установите е од клучно значење за спречување на топлинска исцрпеност, топлотен удар и други здравствени последици поврзани со високите температури. Раководителите и персоналот на установите треба да обезбедат соодветни услови за престој, редовно следење на здравствената состојба и хидратацијата на корисниците, како и доследно спроведување на препораките за заштита од топлотниот бран.
.jpg)
.jpg)
.jpg)