- 29.09.2026
Светски ден на срцето – 29 Септември
По повод Светскиот ден на срцето – 29 Септември, Институтот за јавно здравје организираше теренска акција во трговскиот центар Дајмонд Мол, со цел подигнување на свеста за превенцијата од кардиоваскуларните заболувања.
На настанот, граѓаните имаа можност бесплатно да ги измерaт нивото на крвен притисок, шеќер во крвта, висината и телесната тежина, со што се овозможи пресметување на индексот на телесна маса (BMI) – еден од индикаторите за ризик од срцеви заболувања.
Дополнително, присутните добија индивидуални совети и препораки за здрава и урамнотежена исхрана, редовна физичка активност, како и поддршка и мотивација за откажување од пушење – три клучни фактори во заштитата на здравјето на срцето.
На настанот присуствуваа директорката на Институтот за јавно здравје, науч.сор. д-р Марија Андоновска, како и министерот за здравство, д-р Сашо Клековски, кои ја истакнаа важноста на примарната превенција и активниот пристап кон сопственото здравје.
Здравјето на срцето е заедничка одговорност.
Грижата за срцето започнува денес.
ЗАЧУВАЈТЕ ГО СЕКОЕ ОТЧУКУВАЊЕ!
ИЈЗ - Чувар на вашето здравје
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)