- 25.11.2026
Здрави животни навики
Институтот за јавно здравје подготви информативна брошура „Здрави животни навики", наменета за подигнување на свеста за значењето на здравите секојдневни навики и грижата за сопственото здравје.
Брошурата содржи практични совети и препораки за правилна и разновидна исхрана, редовна физичка активност, квалитетен сон, заштита од сезонски инфекции, грижа за менталното здравје, избегнување штетни навики и важноста на редовните превентивни прегледи.
Со мали, но континуирани промени во секојдневието, можеме да придонесеме за подобро здравје и поквалитетен живот.
Целосната брошура можете да ја прочитате на следниот линк:
Грижата за здравјето започнува со секојдневните навики!