- 06.03.2023
Oдржана суб-национална Работилница за стратешка проценка на ризик
Во периодот 2-3.3.2023 година беше одржана суб-национална Работилница за Стратешка Проценка на Ризик (STAR) , во хотелот Сириус, Струмица со почеток во 10 часот. Работилницата е поддржана од страна на СЗО, а на неа присуствуваа претставници од СЗО, Центрите за јавно здравје од Куманово, Штип, Велес, Струмица, Кочани, Виница , ЦУК, Црвен Крст, АХВ. Институтот за јавно здравје беше претставен од прим. д-р Жарко Караџовски и спец. д-р Драган Кочински.
На работилницата беше одлучено да се спроведе стратешка проценка на ризикот за јавното здравје на суб-национално ниво. На тој начин, јавните здравствени институции ќе можат да носат одлуки засновани на информираност и да преземат ефикасни активности за справување со заканите по јавното здравје во одреден регион, со крајна цел подобрување на здравјето и благосостојбата на заедниците. За развивање на субнационалната стратешка проценка на ризик ќе бидат преземени следните чекори: собирање на податоци, процена на ризик, приоретизирање на ризиците, развивање на план за делување, мониторинг и евалуација.
На почетокот беа претставени целите и очекуваните исходи на работилницата,стратешка процена на ризик со користење на STAR методологија, како и чекори за спроведување на стратешка процена на ризик и презентација на алатката за собирање податоци STAR.
Учесниците беа поделени во работни групи каде што ги идентификуваа клучните улоги, ги утврдија размислувањата,резултатите и усогласувањата на пленарна сесија.