• 02.02.2023

Морталитет од малигни неоплазми во Р.С. Македонија


Малигните неоплазми се меѓу најчестите причини за смрт во светот. Во Р.С.Македонија после болестите на циркулаторниот систем малигните неоплазми се втората најчеста причина за смрт. Во периодот 2010-2021 година стапката на морталитет се движи од 180,3 на 100000 население во 2010 година до 189,7%000 во 2021 година.
Дијаграм 1: Стапка на морталитет од малигни неоплазми во Р.С.Македонија, 2010 – 2021 година
dij1
Стапката на морталитет од малигни неоплазми кај мажите е повисока во однос на жените.
Дијаграм 2: Стапка на морталитет од малигни неоплазми по пол во Р.С. Македонија, 2010 – 2021 година
dij2
Морталитет од малигни неоплазми на возраст над 65 години
Во периодот 2010-2021 година стапката на морталитет од малигни неоплазми на возраст над 65 години осцилира и се движи од 881,1 во 2010 година до 849,2 во 2021 година на 100000 население.
Дијаграм 3: Стапка на морталитет од малигни неоплазми во Р.С. Македонија на возраст над 65 години, 2010 – 2021 година
dij3
Стапката на морталитет од малигни неоплазми во возрасната група над 65 години е повисока кај машката поулација.
Дијаграм 4: Стапка на морталитет од малигни неоплазми во Р.С Македонија на возраст над 65 години по пол, 2010 – 2021 година
dij4
Морталитет од малигни неоплазми на возраст 0 – 64 години
Стапката на морталитет од малигни неоплазми во возрасната група од 0-64 години е значително пониска од стапката на морталитет на возраст над 65 години.
Дијаграм 5: Стапка на морталитет од малигни неоплазми во Р.С. Македонија на возраст 0 – 64 години, 2010 – 2021 година
dij5
И во возрасната група 0-64 години морталитетот е повисок кај мажите во однос на жените.
Дијаграм 6: Стапка на морталитет од малигни неоплазми во Р.С. Македонија на возраст 0 – 64 години по пол, 2010 – 2021 година
dij6
Најчести примарни локализации на малигни неоплазми
Кај мажите, најчеста причина за смрт од малигни неоплазми, во периодот 2010-2021 година, е малигната неоплазма на бронх и бел дроб со стапка на морталитет која се движи од 64,8 во 2010 година до 58,2 во 2017 година, 67,3 во 2018 година и 56,1 на 100000 мажи во 2021 година.
Дијаграм 7: Стапка на морталитет од малигна неоплазма на бронх и бел дроб кај мажи во Р.С. Македонија, 2010 – 2021 година
dij7
 
Кај жените најчеста причина за смрт од малигни неоплазми во периодот 2010-2021 година е малигната неоплазма на дојка. Стапката на морталитет се движи од 30,0 во 2010 година до 32,6 во 2021 година на 100000 жени.
Дијаграм 8: Стапка на морталитет од малигна неоплазма на дојка кај жени  во Р.С. Македонија, 2010 – 2021 година
dij8