- 05.05.2023
Посета на ECDC во Северна Македонија за надзор на заразни болести
Обемот на техничката посета на ECDC на Западен Балкан и Турција е да се здобијат со дополнителни знаења и информации за националните системи за надзор, нивното функционирање и управување. Ова ќе овозможи, делегацијата на ECDC да добие сеопфатен преглед на потребите, ранливостите и силните страни на системите за надзор со цел да се идентификуваат можностите за приспособена поддршка и области каде што операциите на надзор може дополнително да се зајакнат.
Целта на техничката посета на ECDC во Северна Македонија е да се идентификуваат областите во надзорот на заразните болести каде што ќe биде потребна понатамошна работа и поддршка на ECDC за спроведување пристап на ЕУ за спроведување на надзор над сериозни прекугранични здравствени закани.
Специфични цели на посетата:
Специфични цели на посетата:
- Подобро да се разберат постоечките структури, системи, алатки и процеси вклучени во националниот надзор на заразните болести, како и да
се запознаат сите планирани промени. - Да се идентификуваат потребите, недостатоците и силните страни и областите за подобрување, вклучително и аспектите кои би можеле да имаат
корист од техничката поддршка на ECDC . - Да се разговара и потенцијално да се договорат за следните чекори и да се постават приоритети за понатамошни активности за надзор кои ECDC би можеле да ги поддржат со технички насоки и помош.
ECDC тимот беше претставен од: Julien Beauté, Maria Tseroni, Adrian Prodan (Public Health Functions Unit), Agnė Bajorinienė (European and International Cooperation Section, Director’s Office).
Тимот од ИЈЗ беше претставен од: прим. д-р Жарко Караџовски, спец. д-р Кристина Ставридис, спец. д-р Драган Кочински и д-р Енкела Положани.
Поздравен говор и прием на делегацијата од ECDC направи Директорот на ИЈЗ, доц. д-р. Шабан Мемети, кој ја истакна важноста на посетата, можноста за размена на информации и новитети, особено новата законска регулатива и потребите за доставување на информации од нашата држава до ECDC. Исто така, тој зборуваше и за ЕОЦ и за потребата од негова надградба и проширување на постоечките активности (хемиски и радиолошки).
На средбата се разговараше за надзорот над заразни заболувања на ниво на ЕУ, како и зајакнување на надзорот на Западен Балкан, опис на системот на надзор над заразни болести во РСМ, собирање на податоци, менаџмент на податоци, квалитет и обработка на истите, од националниот ЕПИ тим од ИЈЗ.
Вториот ден се изврши анализа на податоците, дисеминација на податоците за надзорот на заразните болести, детекција на епидемии, дискусија за означените болести кои се пријавуваат до ECDC ; пријава на заразни заболувања во систем TESSy, од страна на епи и лабораториски персонал; компјутерско испраќање на податоци и основи на TESSy, пријава на болести, прашања и одговори, на кој присуствуваа вработени од ИЈЗ од Одделите за епидемиологија, вирусологија и микробиологија.