Автоматски мониторинг за надворешно гама зрачење и мерење на радиоактивноста во воздухот во Република Северна Македонија
Системот за автоматски мониторинг врши континуирано следење и одредување на aмбиенталниот дозен еквивалент H*(10) - коефициент кој ни укажува за степенот на радиoактивноста во воздухот на делови од територијата на РСМ, добиен како резулатат на онлајн мерењата од постоечките мониторинг станици. (линк).
Одредување на радиоактивност во животна средина преку радиоаналитички методи за квалитативно и квантитативно определување на содржината на радиоактивни елементи во:
Определувањето се врши преку одредување на вкупната алфа и бета активност, гама спектрометриска анализа со висока резолуција и сцинтилациона метода за алфа и бета емитери.
Oдредување на концентрацијата на радиоактивните инертни гасови, Радон (222Rn) и Торон(220 Rn) во животната средина, живеалишта, училишта, градинки, бањи, рудници и други објекти, преку активна и пасивна метода на мерење како и процена на изложеност во соогласност со важечките законски прописи.