Оддел за испитување и контрола на лекови

 

Информации за дејноста што се извршува во Оддел за испитување и контрола на лекови

Одделот за испитување и контрола на лекови со овластување на Агенцијата за лекови на Р. Северна Македонија, а врз основа на „Законот за лековите и медицинските средства („Службен весник на РМ“ бр. 106/07, 88/10, 36/11, 53/11, 136/11, 11/12, 147/13, 164/13, 27/14, 43/14, 88/15,154/15, 228/15, 7/16, 53/16, 83/18, 113/18, 245/18” и „Службен весник на РСМ” бр. 28/21) како и подзаконските акти, спроведува независно тестирање, односно аналитичко испитување и контрола на квалитет на лековите со цел да се потврди нивната усогласеност со претходно одобрени спецификации за квалитет.

При аналитичкото тестирање се следат насоките на важечките изданија на Европска Фармакопеја, Британска Фармакопеја и Американска фармакопеја, начелата и насоките на Добрата Лабораториска Пракса и препораките на СЗО.

Одделот за испитување и контрола на лекови ги дефинира експлицитно мисијата, визијата и целите за воспоставување на издржан систем за контрола на квалитетот на лековите. Во рамките на заедничкото делување со Агенцијата за лекови овој Оддел ги дефинира и координира и националните приоритети во областа на здравствениот систем.

Активностите што ги спроведува се на барање на Агенцијата за лекови и Државниот санитарен и здравствен инспекторат при Министерството за здравство.

Во Одделот за испитување и контрола на лекови се утврдува и здравствената исправност на козметички производи и производи за одржување на хигиена во домаќинството и индустријата со примена на Законот за безбедност на козметички производи Сл.весник бр. 55/07 и подзаконските акти: Правилник за податоците за содржината на детергентите кои треба да бидат наведени на пакувањето, како и општите и посебните правила на означувањето на пакувањето на детергентите Сл.весник бр. 84/2011, Правилник за листата на податоци за содржината на детергентите Сл.весник бр. 84/2011 и Наредба за забрана на производство,промет и употреба на детергенти за машинско перење на текстилни производи со содржина на фосфор во органска или неорганска форма со над 0,5% тежински, како и Европската Регулатива.

Целта на Одделот е да во промет се најдат лекови, хербални препарати, препарати од биолошко потекло, козметички производи, производи за одржување на хигиена и друго со проверен квалитет.

Активностите ги спроведува според системот за квалитет односно стандардот МКС ISO/ IEC 17025:2018 (акредитирани техники во Одделението за хемиско-физички испитувања, Одделение за фармацевтско-технолошки испитувања, Одделение за козметологија и работна единица за параметар Бактериски ендотоксини што се изведува во Одделение за микробиолошка контрола на храна и лекови).

 

Контакт информации:

Контакт лице: Дипл. фарм. Катерина Старкоска,спец. по испитување и контрола на лекови

Контакт телефон: +389 2 3147 070; +389 2 312 50 44 лок. 03 / мобилен: +389 71 223 243

Електронска поштаk.starkoska@iph.mk