Оддел за хемиски и радиолошки испитувања

 

Информации за дејноста што се извршува во Оддел за хемиски и радиолошки испитувања

Претставува организационо-техничка единица која обединува дел од лабораториите во ЈЗУ ИЈЗ на РСМ. Лабораторискиот сегмент на активностите и задачите на ИЈЗ пропишани со Законот за јавно здравје на РСМ во целост се реализира. Организацијата, работните задачи, овластувањата и одговорностите на вработените се регулирани со Статутот и Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места на ЈЗУ ИЈЗ на РСМ.

Лабораториските испитувања се изведуваат во согласност со важечките национални и меѓународни стандарди и прописи, при што се води постојана грижа за потребите и барањата на кориснците и континуирано зголемување на нивото на доверливост на резултатите.

Квалитетот во изведување на лабораториските анализи се обезбедува преку изготвување и почитување на усогласени професионални стандарди и упатства, континуирано професионално усовршување на вработените во областа на јавното здравје, имплементација и одржување на лабораториски систем за управување и акредитација на лабораториите.

 

Контакт информации:

Контакт лице: Проф. д-р Зорица Арсова Сарафиновска, спец.

Контакт телефон: +389 70 337 572 / 02 312 50 44 лок.07

Електронска пошта zarsova2002@yahoo.co.uk, z.arsova@iph.mk