Оддел за микробиологија

 

Mерки и активности во надлежност на Оддел за микробиологија

  1. врши микробиолошки испитувања на причинители на заразни заболувања, нивна идентификација и дава специјалистичко-консултативно мислење;
  2. врши следење на антимикробната осетливост и најчестите резистенции кон антимикробните средства на инвазивните бактериски соеви на територијата на целата држава преку CAESAR мрежата
  3. врши микробиолошко следење на заразни болести од интерес на јавното здравје на населението во Р. С. Македонија во согалсност со Законот за заштита на населението од заразни болести и други законски прописи;
  4. учествува во микробиолошко испитување на епидемии/пандемии од микробиолошки агенси преку идентификување на извори на зараза, клицоносители и патишта на пренесување; врши молекуларна дијагностика на инфективни причинители (молекуларна микробиологија), детекција на гени за резистенција кај микроорганизмите со резитенција кон една или повеќе групи на антибиотици; врши испитувања на серопреваленца кај населението кон специфични заразни заболувања;
  5. обавува функција на национална лабораторија за дијагноза и следење на инфлуенца, ХИВ, морбили, рубеола, арбовирусни инфекции (вирусот на Западно-нилска треска, Зика и други), вируси на хеморагични трески (Хантаан вирус и други) и други болести од јавно здравствено значење, а во согласност со Меѓународниот здравствен правилник (2005) и потребите на Р. С. Македонија.
  6. дава стручно-методолошка помош на Министерството за здравство од областа на микробиологијата.
  7. врши типизација на причинителите;
  8. врши медицински ентомолошки испитувања и мапирање на вектори за ендемските вектор преносливи болести во Р.С. Македонија
  9. врши лабораториска контрола на превземените мерки (стерилизација, имунизација);
  10. врши задолжителна микробиолошка дијагноза, здравствени и други испитувања предвидени со Законот за заштита на населението од заразни болести и други законски прописи;
  11. врши микробиолошки прегледи на вода, прехрамбени производи, храна, простории и опрема за производство, преработка и промет на прехрамбени производи со оценка на микробиолошката исправност според правилникот за храна;
  12. врши микробиолошка контрола во здравствените организации (операциони сали, сали за реанимација и др. простории, инструменти, материјали и др.);
  13. ја координира работата и укажува стручно-методолошка помош на Центрите за јавно здравје од областа на микробиологијата;
  14. изградува и спроведува стручно-медицински доктринарни критериуми од областа на микробиологијата;
  15. преку соработка со образовните институции во Р. С. Македонија учествува во образовната дејност и спроведува стручно усовршување на здравствените работници и соработници од областа на микробиологијата;
  16. учествува во извршување на научно-истражувачките проекти од областа на микробиологијата.
  17. учествува во образовната дејност и спроведува стручно усовршување на здравствените работници и соработници од областа на микробиологијата;
  18. учествува во извршување на научно-истражувачки проекти од областа на микробиологијата;
  19. врши лабораториски испитувања на водата за пиење, површинските и отпадните води во студиско истражувачките работи, ја следи загаденоста на меѓудржавните води и водотоци, врши тековен санитарен надзор над водите за пиење;
  20. тест за бактериски ендотоксини (LAL тест) согласно Европската фармакопеа (Ph. Eur 2.6.14) за тестирање на парентерални лекови, препарати за иригација, вода за хемодијализа, хемодијализни раствори
  21. стручна проценка на документација за контрола на квалитет и проценка на пакување на увезена серија на биолошки лек / вакцина;
  22. врши тестирање на стерилност и микробиолошка чистота на суровини за лекови и готови лекови, хербални медицински производи и екстракти;
  23. врши тестирање на суровини за лекови и готови лекови по однос на микробиолошка чистота и стерилност согласно барањата од европската фармакопеја,
  24. врши тестирање на козметички препарати по однос на микробиолошки квалитет,
  25. тестира антимикробна ефиканост на дезинфикециони средства,
  26. соработува со меѓународни референтни лаборатории од областа на микробиологија, и учествува во меѓународни мрежи за следење и дијагностика на микробиолошки агенси од интерес за јавното здравство.
  27. Има успешна соработка со меѓународните здравствени авторитети како СЗО, ECDC и други
  28. Одделот за микробиологија континуирано ќе се залага за следење и воведување на нови микробиолошки методи согласно најновите достигнувања во областа на микробиологијата, заснована на медицина базирана на докази.

Контакт информации:

Контакт лицеД-р спец. Дугаѓин Османи

Контакт телефон: +389 76 401 447 / 02 3 125 044 лок.08/ факс: 02 3 223 354

Електронска пошта d.osmani@iph.mk