Одделение за контрола и превенција на повреди и насилство
Одделение за контрола и превенција на повреди и насилство, во рамките на
Оддел за здравствена статистика и публицистика
Информации за дејноста што се извршува во
Одделение за контрола и превенција на повреди и насилство
ја следи и проучува состојбата со повредите и насилството на локално, национално, регионално и глобално ниво;
ги следи и проучува ризик факторите за настанување на повреди и насилство;
води регистри за повреди согласно постоечката легислатива и ЕУ стандардите;
учествува во дизајнирање на национален информативен систем за следење на повредите согласно препораките на СЗО;
изготвува извештаи, анализи и експертски мислења за безбедноста, односно состојбата со повреди и насилство;
изготвува национални програми за контрола и превенција на повредите и насилството;
учествува во изготвување на национална стратегија и акционен план за контрола и превенција на повредите и насилството;
предага соодветни мерки за организација на здравствената служба за контрола и превенција на повредите: пред-болничко згрижување, транспорт на повредениот, болничко згрижуввње и третман и рехабилитација на повредениот;
врши анализа на социјално-медицинските аспекти на повредите и насилството, како и економски анализи на одредени интервентни програми за контрола и превенција на повредите и насилството;
врши здравствено воспитни активности и други активности за промоција на безбедноста во заедницата;
подготвува едукативни и промотивни материјали за безбедноста на сите структури, во сите средини од сите повреди, за широката јавност и мас медиумите;