Одделение за здравствена промоција и менаџмент во здравството
Одделение за здравствена промоција и менаџмент во здравството, во рамките на
Оддел за здравствена промоција и следење на болести
Информации за дејноста што се извршува во
Одделение за здравствена промоција и менаџмент во здравството
спроведува здравствено-воспитна дејност преку изработка на глобални и специфични национални програми за здравствено воспитание;
организира и спроведува здравствено промотивни кампањи, едукативни работилници, трибини и друг вид манифестации;
ја следи реализацијата и евалуацијата на резултатите;
соработува со меѓународни организации заради остварување на активности во врска со промоцијата на здравјето;
дава стручно-методолошка помош таму каде што е потребна;
учествува во образовната дејност и едукацијата на здравствените кадри од сите профили, од областа на здравственото воспитание;
непосредно соработува со средствата за јавно информирање, хуманитарните организации, здруженија и асоцијации од земјата и од странство;
спроведува публицистичка дејност преку изработка на публикации и здраствено-воспитни средства (брошури, плакати, летоци и др.);
спроведува научно –истражувачки проекти од областа на здравството.
го следи и проучува системот на финансирање на здравствена дејност и предлага мерки за негово унапредување;
врши анализа на материјално-финансиската состојба на здравството (Фондот за здравствено осигурување и здравствените организации);
врши анализа на расходите за здравствена заштита во јавниот и приватниот сектор, по дејности;
го следи и анализира чинењето на одделните здравствени услуги дефинирани со основниот пакет на услуги;
ги следи и анализира здравствените индикатори за потрошувачката во здравството;
врши евалуација на функционалната активност и искористеноста на здравствената служба;
избира, припрема и анализира демографски и други показатели за оценка на потребите и барањето на населението за одделни видови на здравствена заштита (по дефинирани групи на население);
учествува во унапредувањето на методологијата и изборот на податоците за економска анализа на здравствената заштита на населението;
учествува во подготовката и реализацијата на стручни и научни проекти од областа на организацијата, економиката и информатиката во здравството;
обезбедува стручно-методолошка помош на здравствените организации, од областа на социјалната медицина и економиката во здравството;
изведува едукација и стручно усовршување на медицинските и други кадри од различни профили, од областа на економиката во здравството.
Контакт информации
Контакт лице: Прим. д-р Весна Стамболиева, специјалист по социјална медицина со организација на здравствена дејност, раководител на одделение