Одделение за следење на болести и права на ранливи групи
Одделение за следење на болести и права на ранливи групи, во рамките на
Оддел за здравствена промоција и следење на болести
Информации за дејноста што се извршува во
Одделение за следење на болести и права на ранливи групи
учествува во изготвување и спроведување на посебни програми за контрола на незаразните болести
утврдува приоритети за задоволување на потребите и подобрување на состојбата со незараните болести на населението
обезбедува квалитетни, валидни и ажурирани податоци за состојбата со незаразните болести
предлага мерки за решавање на здравствените потреби на населението заболено од хроничните незаразни болести
врши научно-истражувачка дејност со цел за проценка на ризик од појава на незаразните болести на локално, регионално и национално ниво;
подготвува едукативни и промотивни материјали за превенцијата на незаразните болести на населението, во сите средини за широката јавност и мас медиумите;
спроведува публицистичка дејност преку изработка на публикации – информации, извештаи, анализи и слично и печатење на здравствено- воспитни средства (брошури, плакати, летоци и др.);
учествува во образовната дејност и едукацијата на здравствените кадри од сите профили
соработува со државни и меѓународни институции преку заеднички проектни и друг вид активности (учество во работни групи, комисии и сл.)
ја следи здравствената состојба на сите вулнерабилни групи (деца, жени, адолесценти, младина, лица со хендикеп, мигранти и стари лица).
предлага мерки за решавање на здравствените потреби на вулнерабилните групи
врши научно-истражувачка дејност со цел за проценка на ризик од појава на болести на одделните вулнерабилни групи на локално, регионално и национално ниво;
врши теренски посети за стручно-методолошка проценка на превентивните тимови и пунктови за вакцинација во Република Северна Македонија;
спроведува здравствено-воспитна дејност и едукација на семејствата во рурални средини и ромските заедници за детското здравје, вакцинации, безбедно мајчинство и адолесцентно здравје;
подготвува, печати и дистрибуира упатства за здравствените работници и брошури за радителите;
соработува со државни и меѓународни институции преку заеднички проектни и друг вид активности (учество во работни групи, комисии и сл.).
Контакт информации
Контакт лице: Прим. м-р Тања Лековска Стоицовска, специјалист по социјална медицина со организација на здравствена дејност, раководител на одделение