Одделение за испитување на води

Одделение за испитување на води, во рамките на Оддел за хемиски и радиолошки испитувања

Информации за дејноста што се извршува во Одделение за испитување на води

Во оваа одделение се следи здравствената исправност на водата за пиење, согласно законските прописи, здравствената исправност на минералните води (пакувани); хигиенскиот квалитет на површинските и отпадни води од здравствено еколошки аспект, преку санитарно хемиски анализи (хемиско-токсиколошки анализи).

Ова одделение е акредитирано според (MKC EN ISO/IEC 17025:2018) за определување на физичко-хемиски параметри во сите типови на вода.

Одделението е опремено со инструмент за јонска хроматографија IC Dionex Aquion за определување на растворени анјони и катјони во вода.

Во одделението се изведуваат следниве акредитирани методи:

  1. Определување на pH (ISO 10523: 2008)
  2. Определување на електрична спроводливост (ISO 7888)
  3. Определување на перманганатен индекс (Потрошувачка на KMnO4); ( ISO 8467)
  4. Определување на хлориди по Mohr (ISO 9297)
  5. Определување на алкалитет Вкупен m, Составен p и карбонатен алкалитет (ISO 9963-1)
  6. Определување на сума од калциум и магнезиум-EDTA титриметриска метода (ISO 6059)
  7. Определување на калциум -EDTA титриметриска метода( ISO 6058)
  8. Определување на боја со фотометар ( MKC EN ISO 7887:2013)
  9. Определување на вкупен растворен сув остаток на 105°C, 180°C и 260°C (Стандардна метода за испитување на хигиенска исправност)
  10. Определување на анјони во вода (флуориди, хлориди, бромиди, нитрити, нитрати, фосфати и сулфати) со јонска хроматографија ( MKC EN ISO 10304-1:2013)
  11. Определување на катјони во вода (литиум, натриум, амониум, калиум, магнезиум, калциум) со јонска хроматографија( MKC EN ISO 14911:2009)
  12. Определување на железо со фотометар (MKC EN ISO 6332:2007)
  13. Определување на манган со фотометар (MKC EN ISO 6333:2007)
  14. Определување на тешки метали во вода со индуктивно спрегната плазма со масена спектрометрија ( ICP-MS ) ( ISO 17294).

 

Контакт информации

Контакт лицеДипл. инж. по хемија Рејхан Мухамед Џумкар, спец. по санитарна хемија

Контакт телефон: +389 70 285 467   023125044 лок.20

Електронска пошта: r.muhamed@iph.mk