Санитарни (здравствено-хигиенски) прегледи

ЗДРАВСТВЕНО-ХИГИЕНСКИ ПРЕГЛЕДИ

Здравствено-хигиенски прегледи се вршат со цел спречување на заразни заболувања на вработените во дејности пропишани со Правилникот за начинот на вршење, содржина на прегледите, видовите на прегледите и роковите на вршењето на задолжителните здравствено-хигиенски прегледи на вработените (Сл. Весник на РМ бр.152/2007 и бр.8/2008) и здравствена безбедност на лицата кои ги користат услугите од овие дејности. Здравствено-хигиенските прегледи се вршат под услови, рокови и начин пропишан во гореспоменатиот правилник, а врз основа на критериумите кои се пропишани во Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ бр.66/2004)

Како се вршат овие прегледи?

Здравствено-хигиенските (санитарните) прегледи се спроведуваат по строго дефиниран протокол, со кој може да се запознаете тука

За кои лица и на колку време се задолжителни овие прегледи ?

  1. Вработени кои спроведуваат воспитно – образовна дејност;
  2. Лица во здравствена дејност;
  3. Лица кои доаѓаат во контакт со производството и промет на храна, при снабдување на населението со вода за пиење;
  4. Вработени во производство, подготовка и издавање на лекови и лицата кои на друг начин во текот на работата доаѓаат во непосреден контакт;
  5. Лица кои укажуваат хигиенска нега, работата во производство на козметички средства или вршат рекреација на населението.

За подетален преглед на лица опфатени со овие прегледи и роковите за нивно извршување можете да ги прочитате тука

Што опфаќа здравствено-хигиенскиот преглед?

  1. Лекарски преглед;
  2. Земање материјал за бактериолошки и паразитолошки испитувања;
  3. Издавање на санитарна книшка.

Издавање на санитарни книшки

Санитарната книшка го подигнува лицето на коe што му е извршен прегледот или претставник на компанијата овластен да ги преземе санитарните книшки.

Каде се вршат овие прегледи?

  1. Во Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија;

Адреса: Скопје, ул. 50та Дивизија бр.6,  во Одделението за исхрана и здравствено-хигиенски (санитарни) прегледи во соба со број А-8;

  1. Во работните простории на нарачателот (на терен).

Начин на плаќање

Во готово или фактура.

 

Работно време

Секој работен ден: Од 8:00 до 14:00

Пауза: Од 10:30 до 11:00

Контакт телефон: 075 276 136

Електронска пошта: sanitarni@iph.mk

 

Ви изразуваме искрена благодарност за соработката!

 

Со почит,

Институт за јавно здравје на РСМ