Регулатива

ПРАВЕН ИДЕНТИТЕТ

Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија (во понатамошниот текст ИЈЗРСМ) е регистриран во Централниот регистар на Република Северна Македонија со Решение од 2 ноември 2009 година како Јавна здравствена установа. Со правните акти Статут и Правилник за внатрешна организација и систематизација на работните места се регулирани организацијата, работните задачи, овластувањата, меѓусебниот однос и одговорностите на вработените.

НАЧЕЛА НА ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ

Јавното здравје е систем од знаења и вештини за спречување на болести, продолжување на животот и унапредување на здравјето преку организирани напори на општеството. ЈЗУ Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија согласно Законот за здравствена заштита и Законот за јавно здравје, како национална здравствена институција е првата линија на реализацијата на таквата цел. Обезбедувањето на соодветно  ниво на извонредност во процесот на пружање на своите услуги, засновани на највисокиот степен на знаење кое е достапно и применливо во Република Северна Македонија, се темели на начелата за:

  1. Одговорност за здравјето на населението и водечката улога на државата во зачувување и унапредување на здравјето на населението;
  2. Сеопфатност на мерки и активности со фокус на населението како целина и на одделни социјални групи и кон социоекономските детерминанти на здравјето и најзначајните фактори на ризик;
  3. Меѓусекторска соработка, мултидисциплинарен и интердисциплинарен пристап за унапредување на здравјето – кој се постигнува со постојано подобрување на соработката со здравствени установи вклучени во областа на јавното здравство и со другите учесници во јавното здравство;
  4. Научна основа и сеопфатност во собирањето на податоци преку квантитативни и квалитативни методи – што значи активност на јавното здравство врз основа на научно докажани и проверени методи и процедури кои се користат со цел да се промовира и да се зачува здравјето на населението;
  5. Партнерство со населението и зајакнување на граѓанските иницијативи во областа на јавното здравје – кои се реализираат зголемување на свеста за важноста на грижата за сопственото здравје;
  6. Ефикасност и ефективност во јавното здравје се реализираат со постигнување на најдобри можни резултати во однос на расположливите финансиски ресурси, односно постигнување на највисоко можно ниво на здравје со најниска потрошувачка на ресурси.

ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ

Политика за квалитет МАК_потпишана alt=

АКРЕДИТАЦИЈА И СЕРТИФИКАЦИЈА

Препознавајќи го значењето на примената на стандардите за квалитет во своето работење ЈЗУ ИЈЗ започна со активности за нивна имплементација уште многу одамна. Лабораториите од ЈЗУ ИЈЗ кои се дел од Центарот за референтни лаборатории беа меѓу првите во Македонија кои се акредитираа согласно барањата на стандардот ISO 17025:2006. Првиот сертификат за акредитација на лабораториите за тестирање и калибрација според ISO 17025:2006, ЈЗУ ИЈЗ го доби на 25.12.2006 година, доделен од страна на Институтот за акредитација на Република Македонија. Оттогаш, ЈЗУ ИЈЗ редовно ја унапредува својата работа и ги следи новите барања за обезбедување квалитет во работата што се потврдува и со редовните годишни проверки од Институтот за акредитација на Република Северна Македонија. Стручноста и компетентноста на лабораториите се потврдува и со редовното успешно учество во шеми за тестирање на оспособеноста и меѓулабораториски споредби во земјата и странство. Основната цел на воспоставениот систем за квалитет е задоволување на барањата од прописите и други нормативни документи како и барањата на корисниците на услуги што се рефлектира преку издавање точни и квалитетни резултати од испитувањата, како и почитување на роковите и правовремено изведување на активностите. Сите вработени во ЈЗУ ИЈЗ се запознати со Политиката за квалитет и се вклучени во документираниот систем на управување, користат процедури и работни упатства кои доследно ги спроведуваат во својата работа. За правилно функционирање на сертифицираниот систем за квалитет одговорен е наименуван претставник од страна на раководството - Менаџер за квалитет. На ваков начин, раководството на ЈЗУ ИЈЗ ја истакнува својата посветеност и заложба за развој, а секој од вработените согласно сопствените овластувања и одговорности придонесува за подобрување на ефективноста на работа на институцијата. Институтот за јавно здравје се стреми да ги следи светските достигнувања во областа на аналитиката и во секој момент да биде подготвен да одговори на барањата и потребите на корисниците на услуги и инспекциските тела. Лабораториите за тестирање кои припаѓаат на Одделот за хемиски и радиолошки тестирања, Одделот за микробиологија и Одделот за контрола и испитување на лекови во ЈЗУ ИЈЗ се акредитирани за испитување на храна (квалитет и безбедност - микробиологија, пестициди, тешки метали, микотоксини, радиологија), вода за пиење, минерална вода и површинска вода (квалитет и безбедност, содржина на гамарадионуклиди, алфа и бета активност), почва и атмосферски талози, градежни материјали, лекови и предмети за општа употреба (играчки, пластични предмети и керамика) и материјали кои доаѓаат во контакт со храна. Лабораторијата за калибрација е акредитирана за калибрација на инструменти за детекција на јонизирачко зрачење. Опсегот на акредитација вклучува околу 100 методи за тестирање и 4 методи за калибрација, а списокот на акредитирани методи по лаборатории може да се најде на веб страницата на Институтот за акредитација на Р.С. Македонија (LT-005 и ЛК-008) – страна 10 со се печат да се превземе.

ФИНАНСИРАЊЕ

Финансирањето на дејностите на Институтот се обезбедува преку реализација на програмските активности предвидени со владините превентивни програми, од услуги за граѓани и пациенти од лабораториската дејност по основ на договор со Фондот за здравствено осигурување на РСМ, средства кои се обезбедуваат од донации по основ на истражувачки проекти, други средства кои се обезбедуваат од услугите кои Институтот ги реализира за производителите, увозниците и извозниците на лекови, храна, предмети за општа употреба, како и други услуги од доменот на стручните компетенции на вработените во Институтот.

ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА

  1. Закон за здравствена заштита;
  2. Закон за јавно здравје;
  3. Закон за заштита на населението од заразни болести;
  4. Закон за евиденции во областа на здравството;
  5. Закон за прекинување на бременоста;
  6. Закон за здраствено осигурување;
  7. Законот за лековите и медицинските средства („Службен весник на РМ“ бр. 106/07, 88/10, 36/11, 53/11, 136/11, 11/12, 147/13, 164/13, 27/14, 43/14, 88/15,154/15, 228/15, 7/16, 53/16, 83/18, 113/18, 245/18” и „Службен весник на РСМ” бр. 28/21) како и подзаконските акти;
  8. Правилник за начинот и постапките за аналитичкото испитување на лековите („Службен весник на РСМ“ бр. 37/12.02.2021);
  9. Правилник за начинот на контрола на квалитетот на лековите и начинот на признавање на анализите на сериите на лековите („Службен весник на РСМ“ бр. 37/12.02.2021);
  10. Монографии од Европска, Британска или Америчка фармакопеа;
  11. Одобрени спецификации за квалитет и валидирани аналитички постапки на производителот на лек;
  12. Законот за безбедност на козметички производи Сл.весник бр. 55/07;Регулативата 1223/2009;
  13. Листа на производи што се сметаат за козметички производи Сл.весник бр.156/2007;
  14. Листа на супстанции кои се користат при производство на козметички производи Сл.весник бр.89/2010;
  15. Листа на конзерванси чија употреба е дозволена во козметичките производи Сл.весник бр.89/2010;
  16. Правилник за содржината и начинот за означување на козметичките производи Сл.весник бр.98/2010;
  17. Правилник за критериумите за микробиолошка и хемиска чистота на козметичките производи и за методите за проверка на тие критериуми Сл.весник бр.94/2010;
  18. Правилник за пуштање во промет на предмети од општа употребаСл.весник 26/83;
  19. Правилник за податоците за содржината на детергентите кои треба да бидат наведени на пакувањето, како и општите и посебните правила на означувањето на пакувањето на детергентите Сл.весник бр. 84/2011;
  20. Правилник за листата на податоци за содржината на детергентите Сл.весник бр. 84/2011, Наредба за забрана на производство, промет и употреба на детергенти за машинско перење на текстилни производи со содржина на фосфор во органска или неорганска форма со над 0,5% тежински;
  21. Закон за безбедност на храната;
  22. Закон за водите;
  23. Закон за безбедност и здравје при работа;
  24. Закон за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност;
  25. Закон за основното образование;
  26. Закон за заштита на децата;
  27. Закон за хемикалии;
  28. Закон за ментално здравје;
  29. Закон за прекурзори;
  30. Закон за заштита на права на пациенти;
  31. Закон за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност;
  32. Закон за заштита од пушењето;
  33. Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи;
  34. Закон за заштита од бучава во животна средина.