• 14.06.2023

Потпишан договор за соработка меѓу Институтот за јавно здравје и Државниот универзитет во Тетово


Државниот универзитет во Тетово, претставен од ректорот проф. д-р Куштрим Ахмети и Институтот за јавно здравје, претставуван од Директорот доц. д-р Шабан Мемети, потпишаa договор за соработка во вршењето на образовната, научно-научната, здравствената и фармацевтската дејност, како и работниот однос на наставниците и соработниците.
Согласно член 1 од овој договор, Факултетот за медицински науки и Факултетот за прехранбена технологија и Институтот за јавно здравје ги утврдуваат условите за соработка:
Институтот за јавно здравје се согласува да обезбеди просторно-технички услови за реализација на теоретска и техничка настава во согласност со потребите на Факултетот за медицински науки и Факултетот за прехранбена технологија за реализација на студиски програми.