- 14.06.2023
7 јуни 2023 – Светски ден на безбедна храна
На 7 јуни 2023 година во хотелот Белви, Скопје, се одржа настан по повод Светскиот ден на безбедна храната.
Во организација на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), на работилницата беа презентирани повеќе теми од областа на здравјето и безбедноста на храната, како и работењето на Агенцијата со цел запазување на пропишаните стандарди за безбедност на храна.
Крајната цел е подигнување на јавната свест за значењето на производството и консумацијата на безбедна храна.
Воведни обраќања на настанот имаа Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство г-н Николче Бабовски и г-н Љупчо Николовски, Министерот за земјоделство шумарство и водоостопанство.
Под мотото „Стандарите за храна спасуваат животи“ панелистите се претставија со свои презентации, по кои следеа заклучоци и дискусија. Учествуваа претставници од Агенција за храна и ветеринарство, Организација на заштита на потрошувачи , ФАО – Организација за храна и земјоделство на Обединетите Нации, Факултет за земјоделски науки и храна.
Институтот за јавно здравје беше претставен од проф. д-р Гордана Ристовска, која имаше активно учество со своја презентација на тема: “Едно Здравје, пристап за безбедна храна “, а на настанот исто така, присуствуваа и Директорот на ИЈЗ доц. д-р Шабан Мемети, спец. д-р Дугаѓин Османи, д-р Ина Трајковска и д-р Патриот Идризи.